Џон МекГинис и Гај Мартин дебитираа во боите на 2017 Honda Racing, тимот за кој ќе настапат на овогодинешните North West 200 и Isle of Man TT.

Џон МекГинис и Гај Мартин дебитираа во боите на 2017 Honda Racing, тимот за кој ќе настапат на овогодинешните North West 200 и Isle of Man TT.

Учествувајќи на она што би можело да се нарече нивни последен тест, пред North West 200, трката која ќе се оддржи следниот месец, МекГинис и Мартин најпрвин се сликаа во новата униформа а потоа излегоа на патеката и покрај тоа што временските услови беа лоши.

GuyMcG 1

Иако долго време немаа тестирано, МекГинис е задоволен од досегашниот напредок и е убеден дека Honda ќе му обезбеди мотоцикл со кој ќе може да се натпреварува со Мајкл Данлоп и Иан Хачинсон.

McGBlade

„Долго време го чекавме мотоциклот но морам да признаам дека тоа вредеше. Ова е чекор напред. Мотоциклот кој го имавме од 2008 па се до минатата сезона беше добар и постигнавме голем успех со него. Но баравме нешто повеќе и мислам дека со овој мотоцикл го обезбедивме тоа. “

„Во изминативе неколку години бевме брзи но сега треба да бидеме уште побрзи и мислам дека овој мотоцикл ќе ни го овозможи тоа. Минатата година бевме навистина блиску, само ни требаше мотоцикл кој ќе биде малку побрз. Но се уште учиме и мораме да разбереме како функционира мотоциклот.“

GuyMcG2

Back To Top