Останато

МекГинис ќе го пропушти 2018 Isle of Man TT?

Работите брзо се менуваат во пресрет на овогодинешната Isle of Man TT. Веќе видовме дека Брус Енсти ќе ја пропушти трката бидејќи повторно го очекува борба против ракот. Исто така и Џон МекГинис премина од Honda во Norton и потоа се здружи со ривалот Мајкл Данлоп во Суперспорт класата.

Следете нè на:

 

Според досегашните информации, тимот Mugen најави тројца возачи кои ќе настапат на TT Zero трката. Сепак, денеска дознавме дека плановите се променти, односно тимот ќе го преставуваат само Ли Џонсон и Мајкл Рутер.

Причината за оваа промена? Џон МекГинис ја обнови повредата на ногата и нема да може да се натпреварува на електричниот мотоцикл.

John McGuinness Isle of Man TT Steve English 09

Оваа вест очигледно е голем удар за тимот Mugen кој веќе еднаш мораше да го промени составот откако дознаа за проблемите со кои се соочува Брус Енсти. Но сите фанови на ова натпреварување очигледно ќе се разочараат бидејќи еден од најдобрите улични тркачи нема да биде дел од овој настан.

МекГинис се уште не ја потврдил информацијата но со оглед на тоа дека нема да може да се натпреварува на релативно полесната трка, мали се шансите да биде дел и од останатите класи.

Но се уште постојат шанси МекГинис да се чува само за настап на една трка, можеби на Senior TT, иако таквата опција е малку веројатна.

На МекГинис му требаше една година за да се опорави од првичната повреда на ногата и мораше да му биде монтирана надворешна направа која му ги држеше коските споени.

Во следните неколку денови очекувајте повеќе информации.

Би можело да ве интересира

Новата, врвна, кацигна на Nolan е прва ваква кацига на пазарот кај која можете да го извадите штитникот за брада.

Ако верувате во гласините кои се појавуваат на интернет, тогаш наскоро ќе ни пристигне нова Honda Africa Twin.

Алваро Баутиста беше најбрз на слободниот тест кој се оддржа денес.

N60-5 е нова кацига на Nolan која е наследник на N64.

Откако го пропушти тестот во Сепанг, Хорхе Лоренцо ќе се најде на патеката за тестот кој овој викенд ќе се оддржи во Катар.

Кал Кратчлоу зборува за односот меѓу намалувањето на притисокот на пневматиците и оддржувањето на предноста која ја има предниот дел на мотоциклот.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.