Во сезоната 2020, Сем Ловс ќе биде дел од Estrella Galicia 0,0 Marc VDS, тимот кој настапува во Moto2 шампионатот.

Сем Ловс ќе премине во  Estrella Galicia 0,0 Marc VDS во 2020 година и ќе биде дел од нивниот тим кој настапува во Moto2 Светскиот шампионат, потврди денеска Белгиската екипа.

Веќе долго време се зборуваше дека Британскиот возач ќе го замени Чави Виерге и ќе стане нов тимски колега со Алекс Маркез. Сепак, од тимот досега не сакаа ништо официјално да соопштат.

Но откако стана јасно дека Виерге во иднина ќе настапува за Petronas Sprinta Racing, Marc VDS потврди дека Ловс ќе му се приклучи на тимот во сезоната 2020. Ова за него ќе биде шеста година како е дел од средната класа.

Ловес вели дека е среќен со преминот во тимот и дека е убеден дека со Marc VDS ќе може да се бори за победа.

„Многу сум среќен и благодарен што имам можност да му се приклучам на тимот кој сметам дека е најдобар во Moto2 шампионатот“ , изјави Ловс. „Алекс Маркез има одлична сезона и ќе имам можност да научам нови работи од него.“

„Имав тешки периоди во досегашниот дел од кариерата но сметам дека конечно дојде моето време. Со нетрпение чекам да ги запознаам сите колеги. Ќе сторам се што можам за да возвратам на довербата која тимот ја има во мене и се надевам дека ќе постигнам добри резултати.“

Sem Lowes txt 06 09

„Одлично е што Сем ќе стане дел од нашиот тим“, изјави сопственикот на тимот, Марк ван дер Стратен. „Добро го познаваме и знаеме дека е многу талентиран возач. Покрај тоа, тој е добра личност.“

„Ја дели истата филозофија со тимот и начинот на кој гледаме на работите. Тоа е многу важно. Веќе докажа дека е брз возач но мислам дека може да биде уште подобар доколку го има вистинскиот мотоцикл.“

„Убеден сум дека ќе ни донесе голем успех. Со Алекс ќе бидат одличен тим и се надевам дека постојано ќе ги гледаме на подиумот.“

Сега откако е потврден тимот кој ќе настапува во 2020 година, тимскиот менаџер Јоан Оливе вели дека сака да изгради силна екипа.

„Мислам дека Сем ќе донесе многу позитивни работи. Том има големо искуство во Moto2 серијата и има постигнато одлични резултати. Тој има голем потенцијал“ , вели Оливе.

„Тој е талентиран возач кој може да биде многу брз. Ќе се обидеме да му обезбедиме колеги со кој ќе се чувствува многу удобно.  Мислам дека со Алекс ќе бидат одличен тим. Двајцата возачи имаат многу позитивни карактеристики и одлично се разбираат. Целта на тимот е двајцата возачи секогаш да го даваат максимумот.Мислам дека 2020 ќе биде одлична година“.

Ловс, кој има три победи во Moto2 серијата, оваа сезона нема голем успех со тимот на Federal Oil Gresini.  На дванаесет трки тој само пет пати завршува на места кои носат поени. Најдобар пласман му е шестото место кое го освои на трката во Катар.

Back To Top