Останато

Motul и Дакар го претставија релито Дакар 2019

Десет години по првото издание на познатото рели на Јужно Американскиот континент, релито Дакар во 2019 година ќе се оддржи по нова рута, а стартот и крајниот дел од релито ќе бидат во Лима.

Следете нè на:

 

Песокот кој го има во изобилство во Перу ќе има одлучувачка улога во борбата за првото место. За време на овогодинешното Sema шоу кое се оддржа во Лас Вегас, Гилерме Паилерет од Motul и Хавиер Гавиори, претставник на релито Дакар објавија продолжување на одличното партнерство.

Перу изобилува со прекрасно и богато културно наследство, а некои работи датираат уште пред 5000 години. Мачу Пикчу, кој е тестамент на владеењето на цивилизацијата на Инките, ја претставува почитта и интимното пријателство меѓу човекот и природата.

Од друга страна, луѓето кои ги интересира сурфањето одат на брегот на пацификот каде што покрај брановите, можат да уживаат и во прекрасната Перуанска кујна.

05118002 FGO5996 4200 4200 rgb

Ниското ниво на врнежи, дел од земјата ја претвориле во пустина. Кога релито за прв пат пристигна тука, во 2012 година, само најиздржливите успеаа да се искачат на подиумот во Лима. Следната година, возбудувањето беше поголемо откако Перуанскиот возач, Игнасио Флорес, победи на првата етапа во Писко. Кога Дакар за прв пат се врати во државата за време на 40 годишнината од релито, преминувањето на пустинските делови во Ика и Танака беше голем тест за сите натпреварувачи. Дури и врвните возачи како што се Сем Сандерленд кај мотоциклистите и Себастијан Леб кај автомобилистите не успеаа до крај да ја извозат трката. Оваа година, Перуанските фанови своите надежи ги полагаат на Николас Фухс и Алексис Хернандез.

Следниот Јануари, возачите ќе мораат да се справат со овие песочни планини. А како што знаат добрите познавачи на трката, никој не може да се отпише до самиот крај на релито.

Релито Дакар и Motul без никакво сомневање одат рака под рака. За Motul ова е одлична можност да се идентификува со најголемиот предизвик во мотоспортот но и да им помогне на возачите во исполнувањето на најголемата авантура во нивниот живот.  Дакар е од голема важност за Motul бидејќи за натпреварувачот да стигне до крајната цел тој мора да исполни голем број од вредностите по кои е познат самиот бренд, вредности како што се генијалноста, братството и се разбира храброста.

Исто како и на последниот настан, Motul ќе продолжи да го поддржува натпреварувањето преку тоа што повторно ќе ја обезбеди својата специјализирана лабораторија. Секој возач ќе може да го провери своето масло и да разговара со експертите на Motul. Покрај тоа тие ќе им обезбедат дополнителна помош на сите независни возачи кои немаат никаква поддршка.

Би можело да ве интересира

Новиот возач на Repsol Honda ќе го пропушти првиот тест од сезоната 2019 поради операција на раката

Имавме разговори со Педроса. Бевме многу блиску до договор - Разлан Разали, извршен директор на Sepang

Пол Еспаргаро има само една цел во текот на зимската пауза: Да оздрави.

На два дена пред официјалното претставување на MotoGP тимот на Honda, Хорхе Лоренцо ќе мора да оди на операција

За Аргентинецот, Николас Кавиглиасо, релито Дакар 2019 беше само второ учество на овој настан. Но и покрај тоа, тој доминираше на поголем дел од трката и со неговата Yamaha YFZ-400 успеа да стигне до првата позиција.

МотоГП тимот на Дукати денеска официјално го претстави Desmosedici GP19.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.