Останато

Motul на врвот на Африка: Им помагаме на возачите да имаат успешен настап

Со цел  ‘Mother of Hard Enduro’ да стане малку полесен за натпреварувачите на настанот ќе се приклучи и Motul. Компанијата ќе отвори Bike Wash.

Следете нè на:

 

Со цел  ‘Mother of Hard Enduro’ да стане малку полесен за натпреварувачите на настанот ќе се приклучи и Motul. Компанијата ќе отвори Bike Wash.

Иако тие секоја година го подржуваат овој настан, оваа сезона ќе бидат малку поактивно вклучени. Eco Tanks од Источен Лондон донираше три резервоари кои собираат 5000 литри вода и кои ќе бидат дел од објектот на Motul. По завршувањето на настанот, резервоарите ќе бидат донирани на едно локално училиште. Компанијата потврди дека во следните три години ќе донира исти резервоари а на крајот тоа добро ќе се одрази и на локалната заедница.

„Голема чест ни преставува фактот дека повторно ќе имаме ваков објект и дека ќе им помогнеме на сите возачи денот да го стартуваат со чист мотоцикл“, изјави Џеки ван дер Мерве, менаџер во Motul - Јужна Африка.

Motul Africa txt 1 10 12 2019

Објектот ќе биде лоциран во Таба Босиу, местото каде што е почетокот и крајот на трката. На крајот на секој ден возачите ќе можат бесплатно да го исчистат мотоциклот со помош на Moto Wash, биоразградливо средство од MC Care линијата на производи на Motul. Motul Bike Wash ќе има десет места каде што возачите ќе можат да ја средат својата машина. Goscor ќе обезбеди специјални машини за чистење.

Motul Africa txt 2 10 12 2019

„Нашите машини неколку пати досега покажаа дека можат да се справат со сериозни пречки. Тие ќе можат да исчистат по околу 300 мотоцикли во еден ден“, вели преставникот на Goscor, Вејн Ален.

Со Motul Bike Wash ќе раководи Крег Кругер а дел од тимот ќе бидат истите лица кои учествуваа на настанот и минатата година. Покрај овие машини, Goscor ќе обезбеди и неколку помали апарати за возачите кои сакаат сами да си исчистат мотоциклите.

За Motul

 Motul е светски позната Француска компанија која се занимава со изработка и дистрибуција на високо квалитетен лубрикант за мотори (мотоцикли, автомобили и други превозни средства). Преку MotulTech тие произведуваат и лубриканти за индустриските машини.

Повеќе од 165 години тие се познати по квалитетот и иновативноста на своите производи. Motul е исто така познат и како специјалист за синтетичките лубриканти.  Тие беа првата компанија која произведе 100 проценти синтетички лубрикант, 300V.

Во текот на годините, тие станаа официјален снабдувач со лубриканти на голем број на тимови и помагаат во понатамошниот развој на сите сегменти од мотоспортот.

Motul директно ги поддржува: 24 Hours of Le Mans (автомобили и мотоцикли), FIA World Endurance Championship, Super GT, IRC, Drift, Pikes Peak, Japanese championship Super Formula, Blancpain Endurance Series, MotoGP, World Superbike, World MX, Endurance World Championship, Dakar Rally, Supercross, IOM TT, Motul FIM Ice Speedway Gladiators World Championship, Rallycross, Motul Roof of Africa, F1 Boat.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Сите знаевме дека ќе дојде време кога Ducati ќе креира „Superleggera“ верзија на Panigale V4.

Неизвесен настапот на Марк Маркез на првиот MotoGP тест. Актуелниот шампион се уште се опоравува по операцијата на рамото.

Скот Рединг вели дека титулата во BSB шампионатот му ја вратила страста за тркањето и дека сега сака да има одличен настап во Супербајк серијата.

Возачот на Aprilia MotoGP, Андреа Ианоне, кој се уште ја чека конечната одлука откако падна на допинг тестот, вели дека мотоциклизмот е неговиот живот.

Гигантот во производство на облека, Alpinestars, го претстави Tech-Air 5, елек кој има воздушно перниче и кој може да се носи под секоја јакна.

„Со нетрпение чекаме да видиме како ќе се покаже гумата. Очекуваме да се урнат неколку рекорди“, Пиеро Тарамасо, менаџер во Michelin Motorsport.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 22 Февруари 2020 - 22 Февруари 2020
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.