Јамаха и Макс Нојкирчер ги здружија силите во борбата за титулата во „IDM“, меѓународниот Германски Супербајк шампионат.

max neukirchner team yamaha motor deutschland idm 2015

Јамаха и Макс Нојкирчер ги здружија силите во борбата за титулата во „IDM“, меѓународниот Германски Супербајк шампионат.

Макс следната сезона ќе настапува за Yamaha-MGM тимот со новата Јамаха R1M. Тој на 9-ти декември го потпиша договорот во седиштето на тимот во присуство на претставници од Јамаха и MGM, а очекувањата за следната сезона се тие заедно да атакуваат на првата позиција.

Нојкирчер е познат по своите настапи во Супербајк шампионатот од 2005-2013, со исклучок на две сезони кога возеше во Мото2 шампионатот. 31 годишниот германец во 2008-ма година забележа две победи и вкупно 10 подиуми во WSBK, а на крајот од сезоната финишираше како петти, што го прави нај успешен супербајк возач од Германија. 

Во 2014 тој започна со натпреварување во Германскиот меѓународен супербајк шампионат „IDM“ и сезонава ја заврши како вице-шампион, притоа тој забележа 4 победи и на 13 трки од вкупно 15 се искачи на подиумот.

 

Back To Top