Пауло Гонсалвеш почина по несреќата која ја имаше на релото Дакар 2020 кое се оддржува во Саудиска Арабија.

Португалскиот возач, кој беше дел од Hero Motorsports рели тимот, доживеа фатална несреќа на 276 км од седмата етапа на патеката, односно делот Ријад – Вади Ал Давасир.

Органозаторите на настанот соопштија дека кога тој бил пронајден, не бил во свесна состојба. Веднаш бил пренесен во болница но таму само била констратирана неговата смрт.

„Пауло Гонсалвеш, кој го имаше бројот 8 на неговиот мотоцикл, почина по падот кој го доживеа на денешната етапа. Организаторите добија повик во 10:08 и веднаш испратија медецински хелихоптер. Леталото пристигна во 10:16. Тој не беше во свесна состојба бидејќи претходно претрпел срцев удар. Веднаш следуваа неколку обиди за реанимација а потоа возачот беше пренесен во најблиската болница каде за жал само беше констатирана неговата смрт. “

Paolo Concalves txt 1 13 01

„Сите ние кои сме дел од релито Дакар сакаме да им изразиме сочуство на неговата фалимија и пријатели.“

Гонсалвеш беше еден од легендите на релито Дакар. Дебито го имаше во 2010 година и од тогаш секоја година е дел од ова натпреварување.

Најдобриот резултат го постигна во 2015 година кога заврши на второто место, веднаш за Марк Кома. Во изминатава декада, тој неколку пати завршуваше меѓу најдобрите четири возачи.

Се до моментот на несреќата, Гонсалвеш се наоѓаше на 46-то место во генералниот пласман.

Португалецот е 71-та жртва на релито Дакар кое оваа година за прв пат се оддржува во Саудиска Арабија.

Back To Top