Оваа година се одбележува 97-та трка од Isle of Man TT, а двете недели тренинг се главно нешто за секој мотоциклист.

TT е навистина посебен настан. Како новинар, би можел да ви кажам дека следењето на оваа трка е нешто неверојатно. Прво, има нешто посебно во тоа да се гледаат мотоцикли како се натпреваруваат на јавни патишта, на само неколку сантиметри од местото каде што седите. Нема друго место каде што толку блиску ќе бидете до акцијата.

Retrospective 2014 Michael Dunlop TT Races Isle of Man Road Racing Tony Goldsmith 1

Но тука е и лошата страна. Статистички гледано, најмалку двајца возачи ќе го загубат животот за време на трката. Чудно е чувството кога знаете дека одите на трка и дека ќе морате да известите за смртта на некој натпреварувач.

Без разлика дали сте навивач или не, се уште мислам дека мора да биде задолжително присуството на Isle of Man TT пред да смеете да кажете дали трката треба да продолжи да се оддржува. Ова не е било која трка, не е било кој екстремен спорт.  

Има нешто посебно во оваа трка и тоа мора да се доживее.

Лесно е да се пишува за трката, но доколку сакате да ја разберете, мора да присуствувате на неа. Но се додека не го направите тоа, ние ќе ви ги дадеме најдобрите достапни извештаи.

Back To Top