Откако минатата година возачите во мотокрос слободен стил дебитираа во Јужна Африка со распродадени билети за натпреварот, натпреварувањето Red Bull X-Fighters се враќа во Преторија на 12 септември, со најсилните натпреварувачи кои направија феноменално шоу на претходната станица во Мадрид.

remi pretoria 1

Откако минатата година возачите во мотокрос слободен стил дебитираа во Јужна Африка со распродадени билети за натпреварот, натпреварувањето Red Bull X-Fighters се враќа во Преторија на 12 септември, со најсилните натпреварувачи кои направија феноменално шоу на претходната станица во Мадрид. Четири возачи се во конкуренција да се борат за шампионската титула, а првенството влегува во последната фаза, што ја вжештува атмосферата и ја подига возбудата.

ПРЕТОРИЈА (Јужна Африка) – Статуата на Нелсон Мендела, човекот кој беше икона во борбата за човекови права, ќе ја надгледува акцијата од најпрестижната светска серија на мотокрос слободен стил која ќе грми пред величенствените згради на Унијата, и тоа втора година по ред. Во 2014 година 22-илјадната публика ги исполни сите капацитети и ја почувствува возбудата, а годинава ќе имаат уште повеќе причини за навивање. Најдобрата постава на возачи што е некогаш видена во 15-годишната исторја на спортот ќе ги изведе своите неверојатни фигури во воздухот, а со само две натпреварувања до крајот на сезоната, битката за светската титула ќе ескалира до епски пропорции.

remi pretoria 2

Натпреварувањето е изедначено и ниту еден од четиримината возачи кои имаат шанса да стигнат до шампионскиот наслов, но ниту еден не може да го направи тоа во Преторија. Од друга страна, и најмала грешка може да ги елиминира од дуелот со ривалите. Откако победи на првите две трки во 2015 година, Австралиецот Клинтон Мур води на табелата, но третото место во Мадрид значи дека има само неколку поени предност во однос на шампионот од 2013 година, Том Паже од Фрација, кој со своите изведби во шпанската престолнина стигна до историска трета победа во низа на некогашната корида „Лас Вентас“.

Веднаш зад нив е Ливај Шервуд од Нов Зеланд, кој исто така се закити со шампионската титула во 2012 година, а заедно со Паже ја сочинуваат двојката што се бори за втората титула во ова натпреварување, со што еден од нив би можел да стане само вториот човек во историјата на натпреварувањето кој ќе има повеќе од еден шампионски наслов. Французинот Давид Риналдо ја комплетира фантастичната четворка, возејќи ја најдобрата сезона во кариерата што го вброи во конкуренција за титулата.

Меѓу 12 учесници во Јужна Африка има осум победници во претходните натпреварувања, меѓу кои се Дани Торес (Шпанија), Роб Аделберг (Австралија), Адам Џонс (САД), Така Хигашино (Јапонија) и актуелниот бранител на титулата, Џош Шихан (Австралија), кој лани ја освои титулата токму во финалето во Преторија. Статистички тој не може да се бори за титулата оваа година бидејќи ја пропушти првата трка сезонава, но патеката во Јужна Африка му одговара на стилот на возење, а се уште ниту еден друг ривал не ја изведува фигурата со двојно салто наназад, па тој претставува реална опасност за водечките бидејќи може да им го украде шоуто и да им ги расипе сметките во генералниот пласман.

remi pretoria 3

Последната трка од сезоната во 2015 година следува на 30 октомври, а финалето на сезоната ќе се одржи во Абу Даби, каде што новиот шампион на Red Bull X-Fighters ќе биде крунисан на спектакуларното крајбрежје во престолнината на Обединетите Арапски Емирати.

Табела: 1. Клинтон Мур (Австралија) 200 поени, 2. Том Паже (Франција) 180 поени, 3. Ливај Шервуд (Нов Зеланд) 160 поени, 4. Давид Риналдо (Франција) 110 поени, 5. Роб Аделберг (Австралија) 90 поени, 6. Дани Торес (Шпанија) 90 поени, 7. Џош Шихан (Австралија) 90 поени, 8. Адам Џонс (САД) 70 поени, 9. Реми Бизуар (Франција) 65 поени, 10. Хавиер Вилегас (Чиле) 45 поени.

Back To Top