По бавниот почеток на сезоната, бранителот на титулата во Red Bull X-Fighters Томас Паже од Франција направи камбек во коридата Лас Вентас во Мадрид, и тоа со гнев. За да ги совлада конкурентите кои направија спектакуларни изведби на точки што некогаш се видени во ова натпреварување, тој мораше да создаде историја и успеа во тоа, изведувајќи ја првата точка со превртување на моторот.

Daniel-Grund-Red-Bull-Content-Pool

По бавниот почеток на сезоната, бранителот на титулата во Red Bull X-Fighters Томас Паже од Франција направи камбек во коридата Лас Вентас во Мадрид, и тоа со гнев. За да ги совлада конкурентите кои направија спектакуларни изведби на точки што некогаш се видени во ова натпреварување, тој мораше да создаде историја и успеа во тоа, изведувајќи ја првата точка со превртување на моторот.

Томас Паже е „топло-ладно“ тип на возач, но за неговиот настап мора да се напише дека беше „врел“, што му ја донесе победата на тринаесеттата трка во низа одржана во Мадрид. Во она што може да се опише како најпрогресивна битка во историјата на најпрестижното натпреварување во мотокрос слободен стил (ФМХ), Паже беше најдобар меѓу најдобрите, обезбедувајќи го првото место на подиумот со точка во која направи превртување со моторот, за која досега сите чекаа.

Второпласираниот Џош Шихан  од Австралија и третиот Ливај Шервуд од Нов Зеланд беа исто така спектакуларни, правејќи изведби со кои би победиле на секое друго натпреварување.  Шихан заблеска изведувајќи ретко видени двојни салта наназад и тоа три пати во текот на вечерта, додека Шервуд претстави нов трик „Rowedova Flip“ со неговата вообичаена перфекција. Сите тројца возачи мораа да направат низа рискантни изведби во секоја рунда, за да стигнат до финалето. Атмосферата во распродадената Лас Вентас беше налектризирана, со 23 илјади гледачи кои врескаа, облечени во црвено-бела облека во чест на фестивалот Сан Фермин, познат по трчањето со биковите.

Jörg-Mitter-Red-Bull-Content-Pool

Паже ја фрли својата опрема во публиката, а Шихан се фрли самиот себе си меѓу луѓето, пред огнометот да го означи крајот на вечерта. Откако возачите ги добија трофеите, Паже изјави: - Толку сум среќен, секое возење беше исполнето со специјални маневри што направи ова да биде најдобро натпреварување, каде што секој трик можеше да биде најдобар.
По првите две победи на Шервуд, кој е шампион од 2012 година, камбекот на актуелниот првак Паже направи секој да може да се надева на круната за оваа сезона. Премногу е рано да се отпише Шихан, кој има две втори места. Блескавите изведби ќе продолжат со настанот во Минхен, Германија, на 19 јули, каде што за прв пат во историјата на ФМХ, целата патека ќе биде поставена на езеро од вода.

Резултати Мадрид:

1. Томас Паже (Франција),
2. Џош Шихан (Австралија),
3. Ливај Шервуд (Нов Зеланд),
4. Дани Торес (Шпанија),
5. Така Хигашино (Јапонија),
6. Маикел Мелеро (Шпанија),
7. Клинтон Мур (САД),
8. Мат Рибо (Швајцарија),
9. Роб Аделберг (Австралија),
10. Либор Подмол (Чешка),
11. Реми Бизуар (Франција),
12. Давид Риналдо (Франција).

Генерален пласман:

1. Шервуд 200 бода,
2. Шихан 160,
3. Паже 145,
4. Торес 130,
5. Бизуар 95,
6. Аделберг 90,
7. Хигашино 70,
8. Рибо 70,
9. Мелеро 60,
10. Џонс 55, 

Извор: Red Bull

Back To Top