Останато

Red Bull X-Fighters: Шихан победи во летната бајка

Џош Шихан со двојно салто наназад го проби својот пат кон спектакуларната победа на дуелот од Red Bull X-Fighters во Минхен, летна бајка која што ја престори борбата за титулата во натпревар на двајцата најдобри пред финалето на сезоната во Јужна Африка.

Следете нè на:

 

Red Bull X-Fighters: DanielGrundRed Bull X-Fighters: DanielGrund

Џош Шихан со двојно салто наназад го проби својот пат кон спектакуларната победа на дуелот од Red Bull X-Fighters во Минхен, летна бајка која што ја престори борбата за титулата во натпревар на двајцата најдобри пред финалето на сезоната во Јужна Африка.

МИНХЕН (Германија) – Австралиецот Џош Шихан гопобеди Такаги Хагашино од Јапонија во финалето исполнето со акција на натпреварувањето во Минхен, кое се одржа пред 18 илјади гледачи и високи температури на првата патека за мотокрос слободен стил изградена над езерото до Олимпискиот стадион. Шихан стигна до втората победа во кариерата, по пауза од три години, со три перфектно изведени двојни салта наназад, кои ја кренаа огромната публика на нозе, барајќи уште изведби во оваа летна бајка. 

Победата на Шихан му донесе 100 поени, што ја вжешти битката за титулата во светското првенство на Red Bull X-Fighters, бидејќи ја намали предноста на лидерот Ливај Шервуд од Нов Зеланд на само пет поени, пред финалето на сезоната закажано за 23 мај во Јужна Африка. Шервуд, кој води со 265 поени пред Шихан со 260 поени, мораше да се задоволи со третото место на втора трка по ред, додека локалниот херој Лук Акерман со само 16 години ја одушеви домашната публика крај брегот на езерото со извонредното четврто место во својот прв настап, најдобар резултат за еден германски возач во Red Bull X-Fighters, што ја одржа во живот спортската прослава на нацијата една седмица по освојувањето на светското првенство во фудбал.

- Изведувањето на двојното салто наназад беше навистина страшно,- изјави Шихан кој ја прослави победата со скок наназад во езерото над кое беше издигната патеката со 260 пловки. – Чудесно е да се победи пред толкава публика како оваа,- додаде Шихан, кој е единствен возач што ја има совладано фигурата со двојно салто наназад, која ја изведе и на квалификаците, во четвртфиналето, па во полуфиналниот елиминациски дуел со Шервуд, и на крај повторно во финалето.
- Штета е што Шихан ме победи во полуфиналето,- возврати Шервуд. – Мислам дека извозев најдобро што можев. Ќе видиме што ќе се случи во Јужна Африка.

ArminWalcher RedBullContentPoolRed Bull X-Fighters: Armin Walcher

Ова беше променлив ден за бранителот на шампионската титула, Томас Паже од Франција, кој дојде до третото место во генералниот пласман со брилијантната победа над Шихан во финалето на настанот во Мадрид минатиот месец. Имено Паже беше најдобар на квалификациите, но падна откако се обиде повторно да ја изведе фигурата со превртување на моторот во воздух, со што испарија неговите шанси за титулата. Французинот падна додека се обидуваше да ја изведе повторно фигурата што за прв пат ја направи во Мадрид, по што го повреди рамото, а беше среќен што 100 килограми тешкиот мотор не падна врз него.

Резултати Минхен:
1. Џош Шихан (Австралија),
2. Така Хигашино (Јапонија),
3. Ливај Шервуд (Нов Зеланд),
4. Лук Акерман (Германија),
5. Томас Паже (Франција),
6. Дани Торес (Шпанија),
7. Роб Аделберг (Австралија),
8. Клинтон Мур (Австралија),
9. Адам Џонс (САД),
10. Реми Бизуар (Франција),
11. Броди Вилсон (САД)

Табела:
1. Шервуд 265 бода,
2. Шихан 260 бода,
3. Паже 190 бода,
4. Торес 185 бода,
5. Хигашино 150 бода,
6. Аделберг 120 бода,
7. Бизуар 110 бода,
8. Џонс 75 бода,
9. Рибо 70 бода,
10. Мелеро 60 бода

Би можело да ве интересира

На 28, 29 и 30 Јуни за првпат на овие простори ќе се одржи женски мото камп во близина на градот Салаш, Република Србија. На него е дозволено да учествуваат само девојки. Односно, оние кои возат мотори и оние кои не возат, а ја делат истата пасија со првите.

Валентино Роси вели дека имал многу проблеми на правите делови за време на одржувањето на Француската Гран При трка а неговиот мотоцикл бил многу послаб во споредба со мотоциклите на неговите ривали.

Џек Милер во Шпанија го испроба доминантниот Ducati Panigale V4 R.

Ducati тестираат замена за 959 Panigale и неговиот v-twin мотор.

„Секој викенд учиме нешто ново. Наскоро ќе бидеме подобри“  - Хорхе Лоренцо

Дали би купиле Кинески скутер од Австриска компанија кој го има знакот на Ducati?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 11 Мај 2019 - 11 Мај 2019
  • Фабрика Партизанка - Индустриска зона

  • 01 Јуни 2019 - 01 Јуни 2019
  • Голозинци
  • Велес

  • 02 Јуни 2019 - 02 Јуни 2019
  • Дом на млади
  • Штип

  • 07 Јуни 2019 - 08 Јуни 2019
  • Нов Парк
  • Свети Николе

  • 14 Јуни 2019 - 16 Јуни 2019
  • Кавадарци

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Gradski Bazen Kumanovo
  • bul.Oktomvriska Revolucija, 1300 Kumanovo

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

  • 26 Јули 2019 - 28 Јули 2019
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.