Останато

Рели Дакар – Етапа 7: Сандерленд повторно во борба за место на подиумот

Откако загуби 20 минути за време на шестата етапа, се чинеше дека заврши сонот на Сем Сандерленд да го повтори успехот од сезоната 2017. Сепак, откако успеа да стигне до победа на седмата етапа, тој повторно се врати во игра за првата позиција.

Следете нè на:

 

Откако загуби 20 минути за време на шестата етапа, се чинеше дека заврши сонот на Сем Сандерленд да го повтори успехот од сезоната 2017. Сепак, откако успеа да стигне до победа на седмата етапа, тој повторно се врати во игра за првата позиција.

Стартувајќи ја етапата од дванаесетата позиција со фабричкиот КТМ, Британскиот возач ја искористи предноста која ја носи тоа што ја следите трагата која другите возачи ја оставиле пред вас. Сепак, навигациската грешка на неговиет ривали беше она кое му помогна да направи разлика.

Со оваа убедлива победа, Сандерленд сега се искачи на четвртата позиција и има заостанување од 9 минути и 59 секунди зад лидерот Рики Брабек кој настапува за Monster Energy Honda.

2017 dakar rally stage 5 results ktm sunderland 1 15 01 2019

Сандерленд вели: „Задоволен сум од резултатот кој го постигнавме денеска. Добро е што ја намаливме разликата со лидерите. Очигледно, вчера бев навистина разочаран. Добро ја почнав етапата но потоа работите тргнаа во погрешен правец откако ја оштетив предната сопирачка. Тоа ми ја промени стратегијата. Но денеска одлучив да ги променам работите и да притиснам најмногу што можам уште од самиот старт. Изгубив малку време на крајот, но сепак сум задоволен од тоа како ја поминав етапата. Луѓето кои се дел од тимот направија мали промени на суспензијата и навистина сум им благодарен поради тоа. Мотоциклот денеска беше навистина добар. Утре ќе се натпреваруваме заедно со најбрзите автомобили и камиони. Тоа повторно би можело да ја искомпликува целата ситуација. Но, ќе видиме како ќе се одвиваат работите.“

Откако Макс Хант се откажа од релито, Ричард Ман заедно со Сандерленд останаа единствени Британски возачи. 53 годишниот возач на Redline KTM ја заврши етапата на 88-та позиција. На три етапи до крајот на релито, тој се наоѓа на 88-то место.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

„Ќе си заминам како човек кој е гладен да се врати“ - Јохан Зарко

Нашите пријатели од Холандија, Nieuwsmotor, само што ни ги испратија овие фотографии а на нив може да се видат два нови модели на Harley-Davidson, авантуристичкиот Pan America и спортскиот, Streetfighter.

Викендов се вози 12-та трка од МотоГП шампионатот на патеката Силверстоун во Англија.

„Возењето на еден круг на оваа патека е исто како да патувате од едно до друго место“ – Валентино Роси.

Хорхе Лоренцо ќе се врати на патеката овој викенд и ќе настапи на трката која се вози во Силверстоун.

Доколку мислевте дека Triumph работи напорно на подготовка на новите Scrambler и Speed Twin, тогаш имаме уште неколку нови информации за вас.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 24 Август 2019 - 24 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Прилеп

  • 31 Август 2019 - 01 Септември 2019
  • Патека Плевен
  • Долна Митрополија, Бугарија

  • 07 Септември 2019 - 09 Септември 2019
  • Република Македонија

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.