Иако помина една недела откако заврши релито Дакар, се уште сонуваме за него. Ова е добра прилика уште еднаш да се осврнеме не само на едно од најтешките натпреварувања на светот туку и едно од најубавите.

Гледајќи ги дините и планините, кои ги прават многу мали сите оние камиони кои поминуваат по нив, лесно се заборава дека возачите поминуваат по некои од најтешките предели на земјата. Многу ретко имаат момент во кој можат да се опуштат и да уживаат во природата бидејќи постојано мора да бидат внимателни. Спектакуларните дини можат да кријат голема опасност. Доколку им пристапите премногу брзо, тоа може да биде крај за вашиот настап. Пустината делува како да е од некој научно фантастичен филм. На делови има и жив песок кој може да проголта цел автомобил.

Релито Дакар оваа година дефинитивно беше едно од најтешките, но без никакво сомневање тој е навистина спектакуларна авантура. Еве некои од нашите омилени слики.

Dacar Txt 9 25 01

Dacar Txt 6 25 01

Dacar Txt 5 25 01

Dacar Txt 4 25 01

Dacar Txt 2 25 01

Dacar Txt 1 25 01

Back To Top