Останато

Резултати од 24 часа Bol d’Or

Додека ние бевме зафатени со трката во Остин, на другата страна на светот, во Мањикур, мажи и жени возеа мотоцикли на Француската патека, 24 часа без прекин.

Следете нè на:

 

src-kawasaki-bol-d-or-24-hours-2013Kawasaki на врвот по издржливост

Додека ние бевме зафатени со трката во Остин, на другата страна на светот, во Мањикур, мажи и жени возеа мотоцикли на Француската патека, 24 часа без прекин.

SRC Kawasaki повторно се врати на пол позицијата, а француската екипа две години по ред е меѓу победниците. Во тимот беа Грегори Лебланк, Лорис Баз и Џереми Гуарнони кои се бореа со дождот и студената ноќ за Kawasaki да биде на врвот.

На крајот тие имаа предност од девет круга пред Monster Energy Yamaha YART од Австрија. Нивната позиција беше загрозена само на стартот од Suzuki Endurance Racing Team (SERT) и Yamaha France GMT94.

Тимот SERT, по само четири часа поминати од трката, веќе имаше две несреќи. Првата му се случи на  Антони Дехлале, а набргу падна и Винсент Филипе, кој додека беше изнесуван надвор од патеката, скокна од носилката и одби да влезе во амбулантното возило. Десет часа подоцна, SERT повторно ќе се врати во битка за подиумот и на крајот ќе завршат на третото место.

Тимот BMW Motorrad France исто така имаше две несреќи и неговите возачи мораа да се откажат.

Уште еден импресивен настап имаа Yamaha France GMT94, и се обидоа да се борат за место на подиумот. Но поради проблем со електроката кој им се појави кон крајот на трката, тие отпаднаа од конкуренција – неправеден резултат за возачите Давид Чека, Кени Форај и Метју Лагрив.

Тимот Honda TT Legends исто така се повлече од трката поради механички проблеми. Во поголемиот дел од трката тие беа на четвртото место но одеднаш моторот почна многу да грее и Данлоп мораше да влезе во боксот. Откако го поправија, Мекгинис продолжи да вози но оштетувањето на моторот се покажа како преголемо и тие мораа да се повлечат.

Поз. Тим Мотор Возачи Класа
1 Team Kawasaki SRC Kawasaki Leblanc/Baz/Guarnoni 808 Круга
2 Monster Energy Yamaha YART Yamaha Jerman/Parkes/Morais -9 Круга
3 Suzuki Endurance Racing Team Suzuki Philippe/Delhalle/Da Costa -11 Круга
4 Yamaha France GMT94 Michelin Yamaha Checa/Foray/Lagrive -15 Круга
5 Junior Team Suzuki LMS Suzuki Guittet/Masson/Chevaux -20 Круга
6 Penz13.com Franks Autowelt BMW Vallcaneras/Pridmore/Mercer -20 Круга
7 Team R2CL Suzuki Giabbani/Dietrich/Buisson -23 Круга
8 National Motos Honda Junod/Rutter/Four -24 Круга
9 Team Motors Events Suzuki Fastre/Lucas/Savary -25 Круга
10 Starteam Pam Racing Suzuki Prulhiere/Maurin/Longearet -26 Круга
11 AM Moto Racing Competition Suzuki Loiseau/Maitre/Hardt -29 Круга
12 Metiss JLC Moto Metiss Michel/Huvier/Cheron -32 Круга
13 Atomic Motosport Suzuki Tangre/Jond/Camus -33 Круга
14 Yamaha Viltais Experience Yamaha Bardet/Besnard/Berthome -39 Круга
15 Maco Racing Team Yamaha Bouan/Cummins/Roccoli -39 Круга
16 RAC 41 Yamaha Yamaha Charpin/Praud/Depoorter -41 Круга
17 Bolliger Team Switzerland Kawasaki Saiger/Mita/Wildisen -42 Круга
18 Racing Team Sarazin Kawasaki Guerouah/Kokes/Major -52 Круга
19 No Limits Motor Team Suzuki Casas/Boscoscuro/Rosso -56 Круга
20 Team Louit Moto 33 Kawasaki Marino/Savadori/Jonchiere -58 Круга
21 Team FMA Assurances Honda Black/Kerkhoven/Fissette -60 Круга
22 Team Space Moto 37 Suzuki Nouvellon/Deneque/Roche/ -63 Круга
23 AZ Motos Suzuki Mezard/Boue/Dupuy -65 Круга
24 3D Endurance Moto Center Kawasaki Salchaud/Egea/Holub -71 Круга
25 SPE Samurai Suzuki Teramoto/Fujishima/Piccolo -74 Круга
26 Team 2CP Racing Suzuki Gelas/Descours/Petitjean -78 Круга
27 ACR 74 Suzuki Huguenin/Vial/Grippi -79 Круга
28 DL Moto Racing Kawasaki Morin/Thuillier/Saive -80 Круга
29 PL Performances Suzuki Lepand/Delanoe/Blanchet -84 Круга
30 BMRT Moustic Moto Expert 58 Kawasaki Mange/Elbachir/Burlin -89 Круга
31 Acro Racing Team Yamaha Jean/Grimber/Lucas -93 Круга
32 Team Racing + Ouifm Kawasaki Dubarle/Tabaries/Vigneau -94 Круга
33 Plusrace Suzuki Navarette/Jacoby/Monier -98 Круга
34 Dunlop Motors Events Suzuki Cholvin/Richert/Putin -106 Круга
35 TMS Racing Honda Farlet/Herniques/Majastre -107 Круга
36 JCB YDCG Racing Kawasaki Cahagnet/Deneque/Marle -120 Круга
37 Scuderia Deux Roues Ducati Francois/Ancelin/Teissier -164 Круга
38 BI-Meca Racing Team Kawasaki Feuillee/Morat/Durant -165 Круга
39 Racing Team 87 Yamaha Hamard/Viaud/Taillandier -174 Круга
40 Flembbo Leader Team Kawasaki Demarey/Prosenik/Ortiz -188 Круга

Би можело да ве интересира

Неделата воопшто не изгледаше како ден на кој ќе се постави нов рекорд во Мото3 класата. Дождот предупредуваше да не се преземаат ризици и да се биде внимателен. Но Чан Онку се погрижи да се случи токму спротивното.

Последната трка од шампионатот ја одбележаа многуте падови, победата на Довициозо и подиумот на Алекс Ринс, а она што беше нај впечатливо беше успехот на Пол Еспергаро кој го донесе КТМ на третата позиција.

GRT Yamaha официјално потврди дека ќе му се приклучи на FIM Светскиот Супербајк шампионат во 2019 година, а Марко Меландри и Сандро Кортезе ќе бидат возачи на екипата.

Џонатан Реа уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите возачи откако постигна најбрзо време на првиот зимски тест кој се оддржа на патеката во Арагон. Пробувајќи го за прв пат  ZX-10RR опремен со новите спецификации, Реа беше за 1.5 секунди побрз од останатите возачи.

Три кратниот светскиот шампион беше именуван за член на MotoGP™ Legend а Шпанецот исто така за време на последната трка од сезоната која се вози во Валенсија ќе биде вклучен и во куќата на славните. Педроса, во 2003 година ја освои титулата во категоријата од 125cc а во 2004 и 2005 година титулата во 250cc. Тој е еден од најуспешните возачи во премиерната класа.

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.