Останато

Suzuki го освои Светското првенство во издржливост за 2016

Сите знаат дека одбраната на првото место воопшто не е лесно, а тоа особено важи во светот на мотоспортот. Ова е посебно точно во FIM Светското првенство во издржливост.

Следете нè на:

 

Сите знаат дека одбраната на првото место воопшто не е лесно, а тоа особено важи во светот на мотоспортот. Ова е посебно точно во FIM Светското првенство во издржливост.

Иако е составен од само четири трки, во првенството сепак мора да се извозат 52 часа, без да се пресметаат часовите поминати на тренинг и квалификациските сесии.

Suzuki Endurance Racing Team SERT FIM Endurance World Championship EWC 2016 08

Доколку ги собереме сите тие часови, тогаш доаѓаме до бројка која е за три пати поголема од бројот на часови што го поминуваат возачите во MotoGP во текот на една сезона и за два пати поголем отколку во Светскиот Супербајк Шампионат.

Дополнителните часови значат и поголема можност за грешки, а со оглед на тоа дека има само четири трки, потребна е голема соработка внатре во тимот.

Исто така важно е да се напомене и дека во FIM Светското првенство во издржливост, сè уште има борба меѓу производителите на пневматици.

Suzuki Endurance Racing Team SERT FIM Endurance World Championship EWC 2016 14

Со оглед на сите овие работи, треба искрено да им честитаме Suzuki Endurance Racing Team (SERT), кои заедно со возачите Винсент Филип, Ентони Делхале и Етиен Масон го освоија 2016 FIM Светското Првенство во Идржливост.

Сезоната беше особено тешка, а пред последната трка од шампионатот, дури девет тима имаа шанси за победа.

Откако завршија на второто место на осум часовната трка во Ошерслебен, SERT дојдоа до нова титула во трките на издржливост.

Suzuki Endurance Racing Team SERT FIM Endurance World Championship EWC 2016 16

Можеби ќе си речете дека тоа е само случајност, со оглед на тоа дека SERT го освоија шампионатот со само еден поен разлика пред ривалите GMT94 Yamaha, но има причина поради која возачите на Suzuki се најдоа на врвот по завршувањето на сезоната.

2017 Suzuki GSX-R1000 ќе биде претставен подоцна во текот на оваа година, а ние може само да очекуваме уште поголема доминација од страна на Јапонскиот производител. Повторно, тие ќе бидат тимот кој другите екипи ќе се обидат да го стигнат. 

Би можело да ве интересира

„Во моментов ми се случуваат навистина убави работи. Треба само да продолжам да работам. Како стареам така чувствувам дека станувам се подобар“ – Џек Милер

Австралиецот Тоби Прајс победи на Релито Дакар 2019. 31 годишниот возач ги надмина сите очекувања откако целото рели го возеше со повреда на раката. Ова е втора победа на Дакар за Прајс откако истото му успеа и во 2016 година.  Во 2017 година ја скрши ногата на четвртата етапа а минатата година заврши на второто место.

Зимскиот период е одличен за планирање и подготовка за сезоната која следува, така е и со нашите натпреварувачи на меѓународните трки, а првиот од нив со кого разговараме за идните планови е Слободан Ивчески - Цобо (МК Сакамото).

Макпетрол во својот салон за мотоцикли и мото опрема ги донесе новите модели на јакни од програмата на Spyke.

Сега откако пред-сезонските програми веќе се финализирани и се знаат целите за сезоната 2019, разгледавме што му е потребно на секој тим во сезоната која претстои. За време на заедничката прес конференција на сите тимски менаџери, секој од шефовите на екипите откри какви им се приоритетите во текот на зимските тестови.

Зборувајќи за Crash.net, Скот Рединг открива која е единствената работа за која жали што не ја направил за време на неговиот  11 годишен престој во Гран При трките:  Губењето на титулата во Moto2  серијата во 2013 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.