Останато

Започна одбројувањето до стартот на релито Дакар 2019

„Детали за 41-то издание на најпознатата трка на издржливост во светот“

Следете нè на:

 

Многумина сметаат дека релито Дакар не е истото откако се пресели во Јужна Америка, но ние воопшто не се сомневаме дека 14-те етапи и понатаму остануваат едни од најопасните терени за возење.

На 7-ми Јануари 2019 година, 534 натпреварувачи ќе го започнат натпреварувањето долго 5000 километри кое вклучува возење на надморска височина од 5000 метри, песочни дини, камења. Тука секако е и 3000 километри особено тешката патека каде возачите ќе бидат исложени на екстремни временски услови и различни надморски височини.

За жал, релито Дакар оваа година ќе се оддржи во рамките на само една држава, Перу, откако претходно од трката одлучија да се повлечат неговите соседи, Аргентина, Чиле и Боливија.

the 10 best 2011 dakar photos 2

Она на што треба да обрнете посебно внимание е дебитанската класа, која ќе биде најголема во долгата историја на релито. Тука секако се и Женската класа и SxS дивизијата која од година во година станува се поголема. Секако да не ги заборавиме и 34-те храбри лица кои ќе бидат дел од “Original by Motul” класата, порано позната како Malle Moto класа. Тие ќе се грижат за поправка на возилата.

Уште една новина на релито е полу маратонот. Ова натпреварување им дава втора шанса на сите возачи кои поради одредена причина морале да се повлечат на натпреварувањето во првата половина од трката.  Ова „паралелно“ натпреварување ќе има посебни ознаки а возачите нема да може да се квалификуваат за главната награда.

Се на се, релито Дакар ветува дека ќе имаме интензивни 15 дена тркање, каде што што човекот и машината ќе мораат да се справат со најтешките физички предизвици.

Би можело да ве интересира

На 28, 29 и 30 Јуни за првпат на овие простори ќе се одржи женски мото камп во близина на градот Салаш, Република Србија. На него е дозволено да учествуваат само девојки. Односно, оние кои возат мотори и оние кои не возат, а ја делат истата пасија со првите.

Валентино Роси вели дека имал многу проблеми на правите делови за време на одржувањето на Француската Гран При трка а неговиот мотоцикл бил многу послаб во споредба со мотоциклите на неговите ривали.

Џек Милер во Шпанија го испроба доминантниот Ducati Panigale V4 R.

Ducati тестираат замена за 959 Panigale и неговиот v-twin мотор.

„Секој викенд учиме нешто ново. Наскоро ќе бидеме подобри“  - Хорхе Лоренцо

Дали би купиле Кинески скутер од Австриска компанија кој го има знакот на Ducati?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 11 Мај 2019 - 11 Мај 2019
  • Фабрика Партизанка - Индустриска зона

  • 01 Јуни 2019 - 01 Јуни 2019
  • Голозинци
  • Велес

  • 02 Јуни 2019 - 02 Јуни 2019
  • Дом на млади
  • Штип

  • 07 Јуни 2019 - 08 Јуни 2019
  • Нов Парк
  • Свети Николе

  • 14 Јуни 2019 - 16 Јуни 2019
  • Кавадарци

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Gradski Bazen Kumanovo
  • bul.Oktomvriska Revolucija, 1300 Kumanovo

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

  • 26 Јули 2019 - 28 Јули 2019
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.