Тестови

Наш тест: Kymco Xciting 300 Ri

xcitingmmmm.jpgWow. Ова беше првото што ми помина низ главата по тест возењето на Kymco Xciting 300 Ri. Најголемата Тајванска фабрика за скутери повторно одлично си ја завршила работата со серијата Xciting во која се вградени агрегати со директно вбризгување со зафатнина од 270 и 499цц. Двата модела се достапни во две верзии - стандардна и R верзија, која ја добивме на тест.

Следете нè на:

 
Макси скутер за макси задоволствоМакси скутер за макси задоволство

 

Wow. Ова беше првото што ми помина низ главата по тест возењето на Kymco Xciting 300 Ri. Најголемата Тајванска фабрика за скутери повторно одлично си ја завршила работата со серијата Xciting во која се вградени агрегати со директно вбризгување со зафатнина од 270 и 499цц. Двата модела се достапни во две верзии - стандардна и R верзија, која ја добивме на тест.

Визуелно, тристотката не се разликува во ништо од својот постар брат, а разликата од стандардната до R верзијата е во колор шемата, затемнетиот визир како и ротирачките дискови на кочниците.

Визуелно, тристотката не се разликува во ништо од својот постар братИ додека сме кај визуелниот дел, по скутерот се сврте секој минувач кој го поминав по пат, тој делува моќно, ново, скапо. Доволно е да му дозволите на човекот да го разгледа одблизу и нема потреба да му појаснувате дека не се работи за кинески скутер. Концептот на новиот Xciting е фокусиран на модерниот градски живот - брз, динамичен и со висок стил. Дизајнерите го споиле модерното со функционалното, па веднаш е забележлива агресивната предницата со лед диоди кои освен што изгледаат добро, ја подобруваат и безбедноста.

Инструмент табла на која ги има сите можни мерачи - од сензор за ногарка, до индикатор за полначот за мобиленДиоди на позиција и на жмигавци, инструмент табла на која ги има сите можни мерачи (од сензор за ногарка, до индикатор за полначот за мобилен), LED стоп светло, држач за мобилен телефон во комбинација со звучник, полнач од 12V под седиштето, двојна заштита на брава, амортизери на седиште, држач за две кациги под седиштето, фиока за документи со заклучување, гумирани спортски ногарки за совозач, спортски задни држачи.... да, сеуште ја набројувам опремата од скутерот. Забележлив е и издувот кој одзади наликува на оружје од филмот Терминатор, кое само го надополнува футуристичкиот изглед на скутерот.

А дека тајванците не посветиле детали само на "џиџи-миџи" говорат двојните предни дискови од 260мм и единечниот заден од 240мм кои во комбинација со ABS/UBS системот го запираат скутерот без разлика на брзината со која возите. Дополнително на ова, рачката за сопирање може да се подеси на 4 различни позиции во зависност од условите во кои возите и во зависност од кочењето кое ви е потребно.

Доколку можете да го пробате, гарантирам дека нема лесно да се симнете од него.Доколку можете да го пробате, гарантирам дека нема лесно да се симнете од него.

 

Четворотактниот мотор развива 17.5кс/8000 вртежи во минута со зафатнина од 270цц, а како и кај конкуренцијата, течноста е задолжено за ладење на агрегатот. Бидејќи производителот нема декларирано максимална брзина, бев љубопитен да видам до каде ќе отиде стрелката на брзинометарот. Како ви звучат 140км/ч за скутер? Мене одлично, возбудливо, исто како и името на скутерот, кој ги достигна оние 140 без никаков проблем.

ABS-UBS системот го запираат скутерот без разлика на брзината со која возитеКај макси скутер по логика се треба да биде поголемо/подобро, па во Kymco се потрудиле да го запазат редот. Задницата ја крепат двојни амортизери со пет степени на подесување, а телескопските вилушки даваат одличен одговор од предницата и овозможуваат уживање во возењето без разлика на очајната состојба на нашите патишта.

Тежината од 185кг воопшто не се осеќа во возењето или при навалување во кривини, а за тоа се заслужни димензиите од 2250х815х1335мм и меѓуоскино растојание од 1570мм. Гумите со димензии 120/70-15; 150/70-14 се со добар квалитет, и нема потреба да ги менувате, а резервоарот собира 12.8л, кои се доволни да ве одвезат до било кој град во државава и назад.

Футуристички издув, возбудливо зарем не?Замерки за самиот скутер немам, единствено нешто што ми пречи генерално кај Kymco е бравата преку која се стартува моторот, се заклучуваат рачките, се отклучува капачето за бензин и се отвора седиштето. Нешто што е можеби функционално, но за било кој новајлија на Kymco е фрустрирачко..барем во првите 15 минути, додека го отворите седиштето ;)

Репортажата можете да ја најдете во најновиот број на "AutoFocus"  

На вас останува да го погледнете во живо во некој од салоните во кои се продава Kymco, доколку можете да го пробате, а потоа гарантирам дека нема лесно да се симнете од него.

Моторот за тестирање беше позајмен од Moto Market (Тел.3238-920) каде може да се купи по цена од 4.300 евра.

Фото: Кристијан Ивановски

Би можело да ве интересира

Пол Еспаргаро има само една цел во текот на зимската пауза: Да оздрави.

На два дена пред официјалното претставување на MotoGP тимот на Honda, Хорхе Лоренцо ќе мора да оди на операција

За Аргентинецот, Николас Кавиглиасо, релито Дакар 2019 беше само второ учество на овој настан. Но и покрај тоа, тој доминираше на поголем дел од трката и со неговата Yamaha YFZ-400 успеа да стигне до првата позиција.

МотоГП тимот на Дукати денеска официјално го претстави Desmosedici GP19.

„Во моментов ми се случуваат навистина убави работи. Треба само да продолжам да работам. Како стареам така чувствувам дека станувам се подобар“ – Џек Милер

Австралиецот Тоби Прајс победи на Релито Дакар 2019. 31 годишниот возач ги надмина сите очекувања откако целото рели го возеше со повреда на раката. Ова е втора победа на Дакар за Прајс откако истото му успеа и во 2016 година.  Во 2017 година ја скрши ногата на четвртата етапа а минатата година заврши на второто место.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.