×

Предупредување

JFolder: :files: Патеката не е папка. Патека: /home/motori/public_html/images/stories/jedi250

×

Забелешка

There was a problem rendering your image gallery. Please make sure that the folder you are using in the Simple Image Gallery Pro plugin tags exists and contains valid image files. The plugin could not locate the folder: images/stories/jedi250

Тестови

Наш тест: Loncin SNS250 Jedi

thumb_Loncin-SNS250-Jedi-1Продажбатa на нејкед модели во Европа нагло се зголеми во последните неколку години. Следејќи го овој тренд кинескиот производител Loncin го претстави својот нов модел SNS250 Jedi, модел кој е одличен избор за младите почетници со мотори.

 

Следете нè на:

 

Продажбатa на нејкед модели во Европа нагло се зголеми во последните неколку години. Следејќи го овој тренд кинескиот производител Loncin го претстави својот нов модел SNS250 Jedi, модел кој е одличен избор за младите почетници со мотори.

Loncin-SNS250-Jedi

Нас не заинтересира изгледот на моторот, се работи за кинески дизајн со пософтициран изглед од она што сме навикнати да го видиме од земјата на копиите.  Нејкед модел кој може да си го дозволат и оние со понизок буџет (2200 евра),  но да видиме дали освен ниската цена и интересниот изглед Jedi-то нуди и нешто друго?  

На прв поглед моторот наликува на Suzuki GSR600 моделот. Посебно предниот дел, вклучувајќи ги светлото, жмигавците но габаритот на моторот е далеку помал од “Бандитот”. Производителот се потрудил и околу некои ситници, па така забележливи се панцир цревата за сопирачките, инструмент таблата која изгледа одлично преку ден но и навечер, па дури и издувот одлично се вклопил во нејкед изгледот. Агрегатот не е вулкан кој еруптира, но звучи нормално за моторцикл со зафатнина од  250цц и наликува на јапонските ендуро моторцикли кои се произведуваат во последните неколку години.

Loncin-SNS250-Jedi-2Наше мислењеJedi е одличен избор за сите кои сакаат да возат нов мотор со гаранција, а се подготвени да жртвуваат од квалитетот.
Четворотактен мотор со еден цилиндар кој од 249цц развива скоро 19кс при 8000 вртежи во минута.  Конфигурација на мотор која кај познавачите на приликите ќе зазвучи познато бидејќи Јапонците го користат истиот мотор во повеќето свои “лесни” варијанти. Целата оваа конфигурација е веќе пробана и функционира одлично, прашањето е до кога со копиите?
 

Негативна страна на моторот е петостепениот менувач кој има поголем “од” при менувањето на брзините па потребно е некое време да се навикнете на неговата работа. Менувачот е непрецизен па индикаторот за брзината кој се наоѓа на инстумент таблата ќе ви биде од голема помош. Пронаоѓањето на неутралната брзина исто така е проблем, но затоа пак рачката од квачилото е лесна за притискање па ќе можете без проблем да вежбате на него.

Loncin-SNS250-Jedi-3
Приказната за тоа како моторот изгледа и што се има на него за многумина е помалку важно од пресудниот фактор за купување на еден мотор – како тој се однесува на патот? Одговорот на ова прашање накусо би бил: изненадувачки добро. Моторот е лесен за маневрирање и удобен за возење. Шасијата и кочниците се најдобрите работи кај моторот. Тука е и добрата амортизација  која возењето по кривини ќе ви го направи вистинско уживање, но за да не биде се така добро ќе се погрижат неквалитетните кинески гуми кои за среќа можете да ги промените.  Агрегатот  се вбројува  во групата со гумите.  Вибрациите од едниот цилиндар се над очекувањата за ваков тип на мотор, а му недостига и динамика. Но сепак, движењето на моторот до 100км/ч е мазно и задоволително. Максималната брзина која ќе ја видите на брзинометарот е 130км/ч, но она што ќе ве израдува е ниската потрошувачка која дури и со динамичен начин на возење не надмина 3л на 100км.

Репортажата можете да ја најдете во најновиот број на "AutoFocus"  
ПродажбаМоделот може да се погледне во салоните на Hamachi, каде и може да се купи по цена од 2200 евра.

За крај ќе кажеме дека моторот е добра опција. Ако се направи споредба со најблискиот мотор од сериско производство (Yamaha YBR250) цената му е скоро 3 пати пониска. Истото се однесува и на потрошните делови и сервисот, па Jedi е одличен избор за сите кои сакаат да возат нов мотор со гаранција, а се подготвени да жртвуваат од квалитетот. Идеален е за почетници и за сите оние кои сакаат да ги избегнат метежите со автомобилите кои станаа секојдневен декор на нашите улици.

{gallery}jedi250{/gallery}

Би можело да ве интересира

Неделата воопшто не изгледаше како ден на кој ќе се постави нов рекорд во Мото3 класата. Дождот предупредуваше да не се преземаат ризици и да се биде внимателен. Но Чан Онку се погрижи да се случи токму спротивното.

Последната трка од шампионатот ја одбележаа многуте падови, победата на Довициозо и подиумот на Алекс Ринс, а она што беше нај впечатливо беше успехот на Пол Еспергаро кој го донесе КТМ на третата позиција.

GRT Yamaha официјално потврди дека ќе му се приклучи на FIM Светскиот Супербајк шампионат во 2019 година, а Марко Меландри и Сандро Кортезе ќе бидат возачи на екипата.

Џонатан Реа уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите возачи откако постигна најбрзо време на првиот зимски тест кој се оддржа на патеката во Арагон. Пробувајќи го за прв пат  ZX-10RR опремен со новите спецификации, Реа беше за 1.5 секунди побрз од останатите возачи.

Три кратниот светскиот шампион беше именуван за член на MotoGP™ Legend а Шпанецот исто така за време на последната трка од сезоната која се вози во Валенсија ќе биде вклучен и во куќата на славните. Педроса, во 2003 година ја освои титулата во категоријата од 125cc а во 2004 и 2005 година титулата во 250cc. Тој е еден од најуспешните возачи во премиерната класа.

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.