×

Предупредување

JFolder: :files: Патеката не е папка. Патека: /home/motori/public_html/images/stories/x10-detali

×

Забелешка

There was a problem rendering your image gallery. Please make sure that the folder you are using in the Simple Image Gallery Pro plugin tags exists and contains valid image files. The plugin could not locate the folder: images/stories/x10-detali

Тестови

Наш тест: Piaggio X10 Executive

motori piaggio-x10-executive-1Поканата за тест на новиот Piaggio X10 од овластениот увозник за Македонија ја дочекавме со воодушевување. Ќе имаме прилика да провозиме скутер на кој кога ќе му се спомене цената возачите на мотоцикли веднаш пресметуваат што се можат да купат за тие пари..

Следете нè на:

 

Поканата за тест на новиот Piaggio X10 од овластениот увозник за Македонија ја дочекавме со воодушевување. Ќе имаме прилика да провозиме скутер на кој кога ќе му се спомене цената возачите на мотоцикли веднаш пресметуваат што се можат да купат за тие пари. Сепак се работи за скутер од висока класа, кој не се споредува со мотоцикл, а воедно е најдобриот во својата класа.

piaggio-x10-executive-1

Дечките од Динамикс ни приредија убаво изненадување кога наместо „обичната“ верзија на Х10 ни дадоа на тест „Executive, врвот на програмата за Пијаџо Х10. „Директорската“ верзија се разликува од обичната по белата перла боја која е резервирана за овој модел, но и по четирите килограми вишок кои се на скутерот бидејќи е опремен со ASR и ABS системи. Да, добро прочитавте, скутерот располага со систем против пролизгување и систем против блокажа на сопирачките. Но да почнеме од почеток..

Во 1993 година во фабриката на Пијаџо беше развиен првиот ГТ скутер наречен Hexagon.Модел кој создаде нова класа во сегментот на скутерите, чие наследство продолжи до верзијата X7, од која пак произлезе денешната Х10.

Х10 е скутер кој тежи 200кг, забрзува од 0-100км/ч за 7 секунди, достигнува максимална брзина од 147км/ч, а притоа овозможува врна безбедност и уживање во возењето.

piaggio-x10-executive-5

Агрегатот кој е вграден во Х10 е оној кој доаѓа со Beverly 350 но со мала разлика во коњските сили. Имено, во Беверли-то агрегатот со зафатнина од 330цц, развива 33,3кс, додека пак кај моделот Х10 агрегатот со зафатнина од 330цц развива 32,5кс. Малата разлика се должи на електрониката која е вградена во Х10, а која има економичен мод кој дополнително ја намалува коњажата на скутерот со цел да се заштеди гориво.

Х10 од фабрика може да се нарача и со агрегат со зафатнина од 125 и 500цц, поголемиот брат на нашиот примерок за тест е појак за само 8кс, па освен крајната брзина, во забрзувањето нема драстична разлика. „ECO“ модот кој се вклучува со притискање на копче ја намалува брзината на 350-та налик на скутерот со агрегат од 125цц. Сепак имајќи ја во предвид цената и намената на скутерот, а тука е и малата потрошувачка, па се сомневам дека некој воопшто ќе го користи копчето. Добра опција единствено доколку го позајмувате скутерот на пријател кој нема искуство со големи скутери, па сакате да му ја намалите моќноста на моторот.

piaggio-x10-executive-6

Четворотактниот мотор со еден цилиндар трошии помалку од 4 литри на 100 километри, па така со едно полнење на 15 литарскиот резервоар ќе можете да поминете во просек 380км. Километражата е одлична доколку планирате да заминете на летен одмор со скутерот, а за да имате доволно простор за багажот ќе се погрижи просторот под седиштето со зафатнина од 52 литри.

Багажникот е огромен, но заради поставеноста и висината на седиштето за сопатникот, нема да можете да ставите две фул фејс кациги во него. Од друга страна комотно собира една целосна кацига и една отворена кацига.

piaggio-x10-executive-7

Префинетото чувство на возење се добива заради мазноста на гаста, мека на старт но со навртување на рачката забрзувањето е неверојатно прецизно и рамномерно. Основната верзија на контролата за пролизгување на скопските улици се вклучи неколкупати помагајќи ни да останеме на две тркала. Да се разбереме, АСР-от (Acceleration Slip Regulation) кој е вграден е далеку од оној кој доаѓа со Априлија, но технологијата која потекнува од нив е одлично вклопена во овој модел и во комбинација со АБС-от нудат безбедно и безгрижно возење.

Габаритот на скутерот на прв поглед делува застрашувачки, сепак со првото седнување на мекото седиште сваќате дека се е идеално наместено. Возењето на големиот скутер е лесно и удобно, без разлика дали возите низ град или на отворено, Х10 е скутер кој ќе ви пружи максимално задоволство.

piaggio-x10-executive-8 copy

Квалитетот на изработката може да се согледа и според сервисниот интервал, па така маслото и филтрите се менуваат на 10.000км, каишот на 20.000км, а препорачаната проверка на вентилите е на секои 40.000км.

Деталите ја надополнуваат сликата, па така во една од трите фиоки кои се отвораат на предниот дел ќе забележите УСБ приклучок кој можете да го користите за секаква намена. Доколку го спуштите страничниот штендер задното тркало целосно се блокира, нешто што е многу корисно кога треба да го оставите скутерот на нагорнина. Инструмент таблата е прекрасно осветлена навечер и визуелно го надополнува изгледот со лед диоди на стоп светлата и позицијата. Во средишниот дел на инструмент таблата се наоѓа голем лцд дисплеј на кој можете да одберете приказ на повеќе корисни информации како што се: моментална потрошувачка, надворешна температура, напон на акумулаторот, просечна брзина, максимална брзина...

piaggio-x10-executive-2{gallery}x10-detali{/gallery}

Цената на основната верзија е 5.990 €, а за „Executive“ќе треба да одвоите 6.390 €, цена која во споредба со конкуренцијата е одлична во однос на она што го нуди овој скутер.

На крај полни со импресии го вративме скутерот во Динамикс и за следниот тест го подигнавме градскиот мангуп Beverly 350ST, за кого следната недела ќе можете да прочитате и видите повеќе.

Би можело да ве интересира

Неделата воопшто не изгледаше како ден на кој ќе се постави нов рекорд во Мото3 класата. Дождот предупредуваше да не се преземаат ризици и да се биде внимателен. Но Чан Онку се погрижи да се случи токму спротивното.

Последната трка од шампионатот ја одбележаа многуте падови, победата на Довициозо и подиумот на Алекс Ринс, а она што беше нај впечатливо беше успехот на Пол Еспергаро кој го донесе КТМ на третата позиција.

GRT Yamaha официјално потврди дека ќе му се приклучи на FIM Светскиот Супербајк шампионат во 2019 година, а Марко Меландри и Сандро Кортезе ќе бидат возачи на екипата.

Џонатан Реа уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите возачи откако постигна најбрзо време на првиот зимски тест кој се оддржа на патеката во Арагон. Пробувајќи го за прв пат  ZX-10RR опремен со новите спецификации, Реа беше за 1.5 секунди побрз од останатите возачи.

Три кратниот светскиот шампион беше именуван за член на MotoGP™ Legend а Шпанецот исто така за време на последната трка од сезоната која се вози во Валенсија ќе биде вклучен и во куќата на славните. Педроса, во 2003 година ја освои титулата во категоријата од 125cc а во 2004 и 2005 година титулата во 250cc. Тој е еден од најуспешните возачи во премиерната класа.

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.