Тестови

Тест: Continental Sport Attack 3

Новите „Sport Attack 3“ се направени за улична употреба, имаат поголема издржливост и подобра тркација на влажни услови.

Следете нè на:

 

Не знам за вас, но кога мислам на најновите пневматици за спортски мотоцикли, прво што ми доаѓа на памет не е „Continental“, а и новите „Conti Sport Attack 3“ не се навистина дизајнирани за тоа. Веројатно тоа е така бидејќи „Continental“ не се поврзани со тркањето како што се „Bridgestone“, „Pirelli“ или „Dunlop“. Новите „Sport Attack 3“ се направени за улична употреба, имаат поголема издржливост и подобра тркација на влажни услови.

contisportattack 3 2

Од компанијата не поканија да ги пробаме новите пневматици. Тест возачот Мелте Бриџ веќе ги испроба новите гуми на дожд и собра голем број на податоци кои покажуваат дека дека се подобри на влажни услови од „Sport Attack 2“. Како што можете да видите и од дијаграмот, „Conti“ се исто така и поиздржливи.

033016 Continental Sport Attack 3 characteristics 633x300

Со цел да бидат подобри на влажни услови, новите пневматици имаат пошироки бразди по страничните делови за да може водата побрзо да истекува. Тие се направени од соединение на силикат кое пак овозможува гумите многу побрзо да се загреат.

Она што можам да го гарантирам е стабилноста на гумите на суви услови. Пократката тест патека на Continental која се наоѓа во Увалде, се уште е омилено место на Малте за тестирање, најмногу поради тоа што пакетата има помалку испакнати делови како и дека доволно тесна. Јас возев прв со Triumph Daytona 675, солиден и не толку моќен мотоцикл.

033016 Continental Sport Attack 3 Tire 030K3906 633x422

Подоцна, кога го заменив мотоциклот со „Suzuki GSX-R1000“, веќе бев подготвен да притиснам повеќе. Поради неговата поголема моќност, на почетокот имав мали проблеми но потоа успеав да го стабилизирам мотоциклот, се до моментот кога задната гума не се загреа доволно. Предниот пневматик дава чувство дека е повеќе заоблен отколку остар.

Она што веднаш го забележав и што ми е допадна кај овие пневматици е тоа што се малку помеки. Мотоциклот што го имам дома се уште има „Dunlop GP-A“ тркачки пневматици кои ја пренесуваат секоја испакнатина од патот. Но овие пневматици се нешто сосема спротивно. Тркачкиот пневматик треба да биде поцврст поради поголемата топлина, но уличните пневматици може да бидат малку помеки.

При нагло сопирање, еластичноста на гумата овозможува поголема сигурност а предниот пневматик се шири доволно за да опфати поголема површина.

033016 Continental Sport Attack 3 Tire 030K6029 633x371

Ги испробав гумите и со мојот GSX-R1000 и морам да признаам дека уживав. Одлична стабилност и лесно влегување во свиоците. И кога ја зголемував брзината не се забележуваше никаква разлика.

Подоцна го заменив мотоциклот со BMW S1000RR. Сакав да постигнам поголема брзина за да ги испробам пневматиците. 3Д технологијата која е користена при изработка на овие пневматици има за цел да го предупреди возачот доколку се појави некаков проблем.  

Јас не сум Марк Маркез ниту пак Шелина Мореда и не мислам дека би возл побрзо ако имам побрз мотоцикл. Како што велеше Куртис Адамс, морате да знаете што да правите со гумата ако сакате таа да се однесува добро.

„Continental Sport Attack 3“ се навистина добри улични пневматици, а исто така можете да ги испробате и на тркачна патека. Германците знаат што прават.

Извор: Motorcycle.com

Би можело да ве интересира

Новиот возач на Repsol Honda ќе го пропушти првиот тест од сезоната 2019 поради операција на раката

Имавме разговори со Педроса. Бевме многу блиску до договор - Разлан Разали, извршен директор на Sepang

Пол Еспаргаро има само една цел во текот на зимската пауза: Да оздрави.

На два дена пред официјалното претставување на MotoGP тимот на Honda, Хорхе Лоренцо ќе мора да оди на операција

За Аргентинецот, Николас Кавиглиасо, релито Дакар 2019 беше само второ учество на овој настан. Но и покрај тоа, тој доминираше на поголем дел од трката и со неговата Yamaha YFZ-400 успеа да стигне до првата позиција.

МотоГП тимот на Дукати денеска официјално го претстави Desmosedici GP19.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.