Тестови

Возевме: Kawasaki Z1000 2015

Иако моделот на Kawasaki Z1000 кој го добивме на тест од Динамикс е од 2015 година, тој се појави на пазарот во 2014 година и претставува четврта генерација од кога се произведе првиот модел во 2003 година.

Следете нè на:

 

Иако моделот на Kawasaki Z1000 кој го добивме на тест од Динамикс е од 2015 година, тој се појави на пазарот во 2014 година и претставува четврта генерација од кога се произведе првиот модел во 2003 година.

IMGP0601Kawasaki Z1000 2015

Моделот на Kawasaki Z1000 кој го добивме на тест од Динамикс е од 2015 година, но тој се појави на пазарот во 2014 година и претставува четврта генерација од кога се произведе првиот модел во 2003 година.

Во споредба со минатиот модел, кај овој модел моторот претрпел мали измени. Оставен е на постоечките 1,043 ccm, она што е изменето кај оваа машина е тоа што се ставени нови брегасти, нова кутија за воздух, нови усиси и нов ECU (компјутер). Со овие измени моторот има 142 кс односно 6 кс повеќе во однос на стариот модел кој има 136.

Од Кавасаки за рамот и задната вилушка се решиле да ги остават истите со преходниот модел кои доаѓаат од Ninja 1000. Кавасаки е сеуште еден чекор понапред од јапонската конкуренција кога станува збор за суспензијата. Z1000 напред носи Showa 41 милиметарска предница која целосно се подесува. На едната пушка се штелува мекоста, додека на другата се штелува одот на спиралите, кај задниот амортизер ја има истата опција.

Напред носи радијални шапи со по четири клипа од шапа и 310мм дискови кои се за 10мм поголеми во дијаметар во однос на Ninja 1000, додека назад има 250 мм диск со една шапа со два клипа.

Стајлингот е најголемото оружје од кавасаки за овој модел. Изгледот е целосно сменет. Или како што велат од Кавасаки, целта им била да го направат да изгледа како клекнат предатор кој е подготвен да нападне во секое време. По сликите и самите можете да забележите дека во Кавасаки успеале во тоа барем на изглед, а ние можеме да ви потврдиме дека и за возење успеале во таа идеа.

Исто така овој модел е првиот јапонски мотор со целосна лед дисплеј табла. Обртометорот е поделен во два дела, до 4 илјади е во вертикална позиција, а над 4 илјади е во хоризонтална. Додека возите во град првиот дел од обратомерот е сосема доволен бидејќи моторот веќе од 2 илјади сериозно „влече“. Додека вистинската моќ ја покажува над 7 илјади вртежи во минута.

Едноставно моторот премногу добро функционира особено по кривини кога сакате да ја свртите рачката за гас малце повеќе отколку што е дозволено. Кочниците и амортизацијата толку добро функционираат што доколку ги немаше високите рачки и ниското седење ќе помислевте дека се возите на суперспорт, а не на нејкед.

Тоа што не ни се допадна кај овој модел е премалата инструмент табла на која едвај можат да се видат останатите работи покрај брзинометарот и обртометарот. Ааспусите се преблиску до предните ногарки па така да ако имате поголема нога ќе го забележите тоа многу брзо доколку возите со прсти на ногарките. Исто така седиштето е премногу кратко па не ви останува многу простор за движење по кривините. Но ако се земе во предвид дека говориме за нејкед мотор, а не за суперспорт тогаш ова и не претставува некој проблем.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

MotoGP шампионот, Марк Маркез, вели дека шасијата, перформансите на моторот како и поголемата концентрација се главните причини зошто има толку малку инциденти за време на трките.

Денеска ви носиме нови вести околу продажбата на мотоцикли.

Малата разлика во поразите на трките во Катар и Муџело покажува дека возачот на Honda е способен да победи на патеките кои му одговараат на мотоциклот на Ducati.

„Ги финализираме преговорите со возачот и неговиот менаџер. Се надеваме дека наскоро ќе ја слушнеме нивната одлука“ - Алекс Маркез ќе остане дел од Moto2 и ќе вози за Marc VDS?

Една од најинтересните работи кои ги видовме за време на WorldSBK трката која се возеше во Лагуна Сека беше преставувањето на најновиот модел кој ни доаѓа од фабриката во Болоња, Ducati Panigale V4 25° Anniversario 916.

Вообичаено, ова би требало да биде најдобриот период за забавниот парк во Калифорнија, но тој е затворен поради реновирање.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.