Вести од светот

Англија: Крадци со мотоцикли преправени како полицајци

Англиската полиција ги предупреди возачите за можна измама откако едно такси возило минатиот петок беше сопрено од двајца мотоциклисти кои беа преправени како да се дел од полицијата.

Следете нè на:

 

Криминалците на своите кациги имале монтирано и ротационо светло кое го запалиле кога го сопреле таксито кое се движело кон населбата Челзи. На патниците, кои биле од САД, им кажале дека таксито минало на црвено. Сепак, откако тие одбиле да се идентификуваат, туристите станале сомничави и веднаш се јавиле во полиција, по што крадците избегале.

067B18C50000044D 0 image a 3 1432823304682

Од Англиската полиција ја пратија следнава порака: „Денеска ни пристигна информација дека такси возило било сопрено од двајца осомничени кои биле на мопед и мотоцикл. Осомничените кажале дека биле полицајци. За среќа возачот на таксито и патниците немаат никакви повреди. Сепак, воопшто не е пријатно да се најдете во таква ситуација. Сакаме да ве информираме дека полицијата нема да користи мопеди за да ги сопре возилата кои направиле сообраќаен прекршок.“

Англичаните имаат сериозен проблем со криминалците со скутери. Пред само неколку недели беше објавено дека кражбите, во кои биле искористени скутери во Лондон се искачиле од 827 случаи во 2012 година на 23,000 случаи во 2017 година.

Би можело да ве интересира

Новата, врвна, кацигна на Nolan е прва ваква кацига на пазарот кај која можете да го извадите штитникот за брада.

Ако верувате во гласините кои се појавуваат на интернет, тогаш наскоро ќе ни пристигне нова Honda Africa Twin.

Алваро Баутиста беше најбрз на слободниот тест кој се оддржа денес.

N60-5 е нова кацига на Nolan која е наследник на N64.

Откако го пропушти тестот во Сепанг, Хорхе Лоренцо ќе се најде на патеката за тестот кој овој викенд ќе се оддржи во Катар.

Кал Кратчлоу зборува за односот меѓу намалувањето на притисокот на пневматиците и оддржувањето на предноста која ја има предниот дел на мотоциклот.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.