На фотографијата можете да забележите малечко бебе покриено со меко нежно розово ќебе кое е гушнато од две моторџиски ракавици и зад себе има кацига. Фотографијата е слатка, но приказната која стои зад фотографијата е далеку поважна.

Таткото на Обри, Хектор Даниел Ферер Алварез починал во април, помалку од еден месец пред да се роди таа. Фотографката Ким Стоун која стои зад оваа фотографија напишала: „Нејзиниот татко го обожаваше својот мотор, но секогаш се грижеше да биде безбеден за својата мала ќерка, но за жал, никогаш нема да има можност да ја држи во своите раце“.

bebe motordzija

Тој иако возел брзински мотоцикли откако дознал дека ќе се роди малата Обри решил да ги продаде двата мотоцикли кои ги поседувал за да купи Харли на кое ќе може да се вози заедно со сопругата и ќерката. „Тој си ги продаде моторите за да купи Харли на кое ќе можеме да се возиме сите. Мислеше дека е доволно од брзото возење и кога го направи тоа сите беа изненадени“ - изјави неговата сопруга Кетрин.

Алварез (25) бил застрелан од свој пријател во локалниот клаб хаус по банална расправија.

Фотографката веќе започна со акција за собирање на средства за малата Обри и нејзината мајка: https://www.gofundme.com/29eg284k

Извор: ЦрноБело

Back To Top