Интересна информација која ни пристигнува од САД.

Еве една интересна вест која ни пристигна од нашите колеги од Visordown. Се чини дека BMW Motorrad ќе се изедначи со главната компанија во однос на именувањето на новите модели. Наскоро би можеле да видиме неколку мотоцикли кои ќе го имаат уникатното „М“ лого на Баварската компанија. Тоа веќе се наоѓа кај познатите автомобили како што се М3 купе и М5 седан.

Први мотоцикли кои ќе имаат „М“ спецификации најверојатно ќе бидат S1000XR и R1250GS. Секако, 2020 BMW S1000RR супербајк веќе има достапен „М“ пакет кој вклучува тркала изработени од јаглеродни влакна како и уште неколку други основни подобрувања.

bmw m txt 02 10

Непознато останува дали овие подобрувања ќе се најдат кај сите мотоцикли или пак само кај оние кои веќе ја имаат оваа ознака, како што е M1000RR.

Одговорот најверојатно ќе биде комбинација од двете работи. Можеби BMW Motorrad планира да понуди подобрени пакети под оваа ознака а во иднина тие да станат познати како модели „М“.

Ќе биде интересно да се види како  ќе се развиваат работите. Воопшто не се сомневам дека ќе чекаме премногу долго за да слушнеме нешто ново бидејќи новиот сет на „М“ мотоцикли најверојатно ќе дебитира следниот месец на EICMA шоуто во Милано.

Back To Top