Германската компанија ги објави податоците за импресивната продажба на своите модели на светско ниво.

Во минатата година BMW Motorrad успал да продаде 136.963 мотоцикли и скутери. Оваа бројка е за 10,9 проценти повисока отколку во 2014 година.  За разлика од останатите компании, германците не кажуваа кој модел бил најпродаван, но можеме да претпоставиме дека бил некој од серијата BMW R1200GS. Иако BMW S1000RR повторно беше најпродаван во САД, пазарот во Европа за вакви мотоцикли не е како порано. Затоа би биле изненадени доколку дознаеме дека серијата RR е подобра од GS на глобално ниво.

S1000RR 2016 03

Но сепак, убедени сме дека сериите S1000RR, S1000R, и S1000XR им помогнаа на R1200GS и R1200GSA да ја зголемат продажбата.  Оваа година ќе се појави и BMW G310R, а со тоа и сигурно ќе се зголеми продажбата на уличните мотоцикли со мала зафатнина кои се наменети за новите возачи. Всушност, G310R би требало да биде многу важен за BMW, ако нивниот ривал KTM е некаква индикација.

Продажбата порасна и кај Австрискиот бренд кога се појавија Duke моделите. Истото можеме да го очекуваме и кај Германскиот бренд особено ако нивниот партнер од Индија, TVS, успее да ја зголеми продажбата.

Back To Top