Кај мотоциклите кои се дел од сезоната 2020, како стандарден дел ќе биде TFT екранот.

Кај мотоциклите кои се дел од сезоната 2020, како стандарден дел ќе биде TFT екранот. И ова не е нов тренд. Секако, ќе има и неколку модели кои ќе имаат аналоген дисплеј но пополека изминува нивното време. Не се сомневам дека неколку компании ќе ја занемарат оваа информација, но од година во година нивниот број се намалува. Мото индустријата, полека но сигурно станува дел од 21-от век и почнува да употребува дел од технологијата која ни е достапна.

Но денеска ни пристигна една навистина интересна информација. Германската компанија Bosch, работи на 3Д екран. Првата компанија која планира да примени нешто вакво кај моторните превозни средства, Bosch експериментира со тоа како подобро да ги пренесе информациите на возачот.

Bosh 3D Glasses txt 05 09

Од таму велат дека според нивните истражувања, возачите полесно ги прецесираат податоците доколку тие им бидат прикажани во три димензии. Но најинтересно е тоа што Bosch планира да креира 3Д систем кој на овој начин ќе ги прикаже предупредувањата и дел од информациите. За да ги видите нема да ви бидат потребни специјални очила.

„Длабочината на полето на дисплејот значи дека возачите полесно и побрзо ќе ги добиваат информациите“ , вели д-р Штефан Бернс, претседател на Bosch Car Multimedia. „Предупредувањата кои излегуваат од екранот се многу поочигледни.“

Оваа технологија сигурно претходно ќе се појави кај автомобилите но интересно е да се види што би можело да не очекува во иднина.

Back To Top