Значи можно е да се намали бројот на смртни случаи на улиците во една земја...  барем така ни кажуваат бројките објавени од Францускиот завод за статистика.

snipimage27

Значи можно е да се намали бројот на смртни случаи на улиците во една земја...  барем така ни кажуваат бројките објавени од Францускиот завод за статистика.

Во Франција бројот на жртви од мотоциклистички несреќи во 2012 година е намален за 14,5 %. Но сепак овие жртви сочинуваат 18% од вкупниот број на смртни случаи на улиците и покрај тоа што моторите претставуваат само 1.9 % од сите возила во сообраќајот. Во 2010 година, 947 луѓе загинале во мотоциклистички несреќи во Франција, додека пак во 2012 загинале 650 лица, што претставува рекордно ниска бројка на жртви.

И понатаму најзагрозена група се оние кои имаат од 24 до 44 години, кои всушност се и најмногубројни.  За жал, 31.6% од сите жртви во Франција во 2012 година вклучуваат возачи кои биле под дејство на алкохол, а таа бројка постепено се зголемува.

Француската полиција планира да постави повеќе радари на улиците, но никој не може да тврди дека нивното присуство ќе биде причина за намалување на бројот на жртвите. Сепак, една работа е јасна: смешните тестови за проверка на нивото на алкохол во крвта кои се задолжителни во Франција сигурно не се причина за намалување на бројот на жртви. Напротив, се што тие можат да направат е да ги изнервираат луѓето уште повеќе. Добро е тоа што  работите можат да се подобрат и без глупавите закони, нели?

Во Македонија сеуште ја чекаме статистиката за 2012 година, од 2009 до 2011 според МВР загинале 34 мотоциклисти, а повредени биле 1709.

Back To Top