Вести од светот

Cagiva ќе биде обновен како бренд за електрични мотоцикли

„Верувам во електриката. Има голем потенцијал. Тука правиме нов проект но под друго име а тоа е Cagiva,“ изјави Кастилиони.

Следете нè на:

 

Оние од нас кои со задоволство се потсетуваат на брендот Cagiva ќе бидат навистина среќни кога ќе ја слушнат информацијата дека компанијата повторно ќе почне со работа, а новите модели се очекуваат да дебитираат следната година.

Сепак, пред да почнете да си замислувате какви се модели ќе има компанијата, треба да ви кажеме дека компанијата ќе соработува со MV Agusta со цел да се освои пазарот на електрични мотоцикли. Во моментов не можеме да дадеме никакви предвидувања во однос на тоа што би можела да постигне компанијата бидејќи тие работат во сектор кој се уште не е целосно дефиниран, односно нешто помеѓу „e-bike“ и целосен електричен мотоцикл какви што произведуваат Alta и Zero.

Cagiva Elefant Logo

Ваквата информација ни ја кажа извршниот директор на MV Agusta, Џовани Кастилиони, а таа е многу слична со веста која ја соопшти директорот на КТМ, Стефан Пиерер минатата година, односно дека Австриската компанија ќе почне со развивање на нешто што ќе биде помеѓу брендираните КТМ Е-мотоцикли и новите „Freeride – E“ модели.

„Верувам во електриката. Има голем потенцијал. Тука правиме нов проект но под друго име а тоа е Cagiva,“ изјави Кастилиони.

За Cagiva оваа вест значи дека дел од линијата на мотоцикли ќе биде и новиот „Elefant“ но најпрво ќе започнат со спортски оф роуд мотоцикли кои ќе имаат електрично напојување. Веруваме дека тоа ќе биде нешто слично на 125cc четири тактната класа.

„Во моментов инвестираме во лесни мотоцикли. Ако сакате да возите со брзина поголема од 300 километри на час, тогаш ви препорачувам да купите мотоцикл со внатрешно согорување. Мислам дека има голем потенцијал на пазарот за електричнио мотоцикли и ние сакаме да бидеме таму. Ќе видиме како ќе се развива секторот но мислам дека има голем потенцијал,“ вели Кастилиони.

Исто така постојат и гласини дека Cagiva е повторно оживеана со цел да биде алтернатива на MV Agusta на оф роуд пазарот. Доколку после неколку години компанијата го воскресне популарниот „Elefant“ модел, тоа би отворило повеќе опции за Италијанската компанија.

Во однос на компанијата, тоа што ги има двата бренда, MV Agusta и Cagiva, ќе им помогне да ги привлече дилерите на мотоцикли да потпишат договор со нив, пред се благодарение на можноста да сервисираат два различни пазари.

Првата Cagiva можеме да ја очекуваме кон крајот на оваа година и ќе биде модел за 2019 година. Останува да видиме како ќе изгледаат овие мотоцикли и како ќе функционираат.

Би можело да ве интересира

Новиот возач на Repsol Honda ќе го пропушти првиот тест од сезоната 2019 поради операција на раката

Имавме разговори со Педроса. Бевме многу блиску до договор - Разлан Разали, извршен директор на Sepang

Пол Еспаргаро има само една цел во текот на зимската пауза: Да оздрави.

На два дена пред официјалното претставување на MotoGP тимот на Honda, Хорхе Лоренцо ќе мора да оди на операција

За Аргентинецот, Николас Кавиглиасо, релито Дакар 2019 беше само второ учество на овој настан. Но и покрај тоа, тој доминираше на поголем дел од трката и со неговата Yamaha YFZ-400 успеа да стигне до првата позиција.

МотоГП тимот на Дукати денеска официјално го претстави Desmosedici GP19.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.