Дали ABS системот кај мотоциклите навистина може да спречи несреќи.

Кога за прв пат беа преставени ABS сопирачките?

ABS постои многу подолго отколку што мислите. BMW прв пат престави опционен Bosch ABS систем на моделот K100 од 1988 година. Неколку години подоцна овој систем беше надминат од електричниот хидрауличен систем на Honda кој се најде кај нивниот модел ST100 од 1992 година.

Беа потребни 28 години за овој систем да стане задолжителен дел кај сите мотоцикли во Европската Унија кои имаа 125cc или повеќе. Но ако ABS е толку ефективен во спасувањето на животи, зошто беше потребно да помине толку долго време пред тој да стане задолжителен? Мораме да напоменеме дека не секоја земја смета дека тој го намалува бројот на несреќи.

До неодамна, Нов Зеланд беше една од тие држави. Агенцијата за транспорт објави дека од април 2020 година, ABS системот ќе биде задолжителен кај сите мотоцикли кои имаат капацитет од 125cc или повеќе. ABS или комбинирано сопирање ќе биде задолжително кај сите модели кои имаат под 125cc. Ваквиот резултат доаѓа после неколку години активна кампања.

Колку е ефикасен ABS системот во намалувањето на бројот на несреќи?

За да одговориме на ова прашање претходно мораме да откриеме како настануваат поголем дел од несреќите. Се чини дека главен проблем кај возачите се свиоците. Според едно истражување кое го спроведе sorrymate.com, околу 9 проценти од несреќите кои се случиле во 2016 година настанале поради лошо влегување во свиок. Главна причина е преголемата брзина. 83 проценти од несреќите се случиле додека временските услови биле идеални за возење.Дали ABS сопирачките би ги спречила поголемиот дел од несреќите?

ABS txt 1 24 09

Доколку премногу брзо влезете во некој свиок има само неколку работи кои можете да ги направите. Можете силно и долго да притиснете на сопирачката, да ја отпуштите кочницата и после повторно да притиснете. Другата опција е да притиснете долго и силно и да не ја отпуштате сопирачката. Двете опции имаат различни ризици но ABS не може со сигурност да ја спречи несреќата. Неодамна Bosch откри дека работи на систем кој функционира заедно со контролата на тракцијата. Иако овој нов систем треба да го намали бројот на несреќи, тој нема да може да спречи тие да не се случат.

Лошата состојба на патиштата исто така е една од причините кои доведуваат до несреќи. Доколу со вашиот мотоцикл поминете преку некој дел кој има остатоци од масло, бензин или мраз, лесно можете да загубите контрола. И повторно, ABS нема да ви помогне многу во оваа ситуација.

Едно истражување кое го спроведе универзитетот Монаш, откри дека со помош на ABS технологијата, за 33 % е намален бројот на полесни повреди додека пак 39% е намален бројот на сериозни повреди.

Само во последните десет години во Велика Британија за 35 % е намален бројот на несреќи во кои учествувале мотоциклите. Тешко е да се каже дали за ова се одговорни ABS сопирачките, иако сигурно и тие имале своја улога.

Во реалноста, досегашните податоци не ни даваат целосен одговор. Но она што го знаеме е тоа дека ABS ефективно ги извршува задачите за кои е дизајниран. Доколку не е така сигурно не би бил имплементиран. Но дали ABS системот секој пат ќе успее да ги спречува несреќите, зависи од ситуацијата. Но она што е логично е дека секој од нас би сакал да има нешто кое би му помогнало во случај на несреќа. Секоја помош е од корист, така?

Back To Top