Kawasaki би можел да ни престави нов супербајк модел за сезоната 2020. Барем такви се најавите кои доаѓаат од Европа.

Kawasaki би можел да ни престави нов супербајк модел за сезоната 2020. Барем такви се најавите кои доаѓаат од Европа. Информацијата дека наскоро би можеле да видиме нов Kawasaki Ninja ZX-10RR ја соопшти инжинерот во КРТ, Ичио Јода во интервју за Speedweek.com

Како одговор на доминацијата на Ducati Panigale V4 R и Алваро Баутиста, Јода најави дека новиот мотоцикл би можел да дебитира следната година. Според неговите зборови, Kawasaki би можеле да направат нешто слично како она што го направи Ducati со Panigale V4 R.

Јапонскиот бренд воопшто не е среќен од мотоциклот кој Ducati го направи за Супербајк серијата, пред се бидејќи тој е многу помоќен и поразличен од регуларната верзија на компанијата.

Kawasaki Ninja ZX 10RR Txt 30 04

Се разбира, правилникот на WorldSBK охрабрува токму вакво однесување. За Kawasaki пак тоа значи дека не е доволно само мало подобрување на актуелниот Ninja ZX-10RR супербајк модел а Јода потврди дека Јапонската компанија на пазарот мора да престави целосно нов Kawasaki Ninja ZX-10RR за да може да му парира на Ducati.

Машината исто така ќе треба да позајми нешто од својот Италијански ривал, односно употреба на MotoGP технологија.Сепак, ваквиот пристап според нив не е во согласност со правилата.

Дел од одговорот на Јода би можел да се протолкува како тактика но исто така би можело да биде и ставот на Јапонскиот производител кога станува збор за пазарот на супербајк модели.

Можеби продажбата на вакви модели не е голема но од она што можеме да го видиме од Европските брендови е тоа дека возачите се заинтересирани за вакви мотоцикли се додека финалниот производ ги интригира.

Се чини дека Kawasaki не сака да ги остави работие какви што се во Супербајк серијата и сигурно можеме да очекуваме некаков одговор следната година.

Ова се одлични вести на фановите на супербајк машините.

Back To Top