Вести од светот

Ducati е одбран да ја претставува Италија

Кога мислите на Италија, природно ви доаѓа да мислите на стил, мода, убави жени и автомобили. Токму од таа причина Ducati е избран меѓу врвните брендови и ќе биде дел од проектот за промоција на земјата низ светот.

Следете нè на:

 

Кога мислите на Италија, природно ви доаѓа да мислите на стил, мода, убави жени и автомобили. Токму од таа причина Ducati е избран меѓу врвните брендови и ќе биде дел од проектот за промоција на земјата низ светот.

ducati chosen to represent italy in terms of design 1

Италијанското министерство за надворешни работи го користи дизајнот како еден од главните средства за да ја промовира државата ширум светот, а токму Ducati ќе биде и активен учесник.

Ова е прва ваква покана и ќе биде составена од 100 настани во 100 градови низ светот, а за организација на настаните ќе се погрижат конзуларните претставништва на државата.

Во канцелариите на Министерството за надворешни работи на Италија во Рим за прв пат се оддржа церемонијата на која се прослави првиот „Italian Design Day in the World“. Изложбата ќе трае 12 месеци и ќе бидат прикажани дела кои ја имаат добиено престижната награда за дизајн „Compasso d’Oro International”.

Ducati има чест да ги пречека посетителите во Palazzo della Farnesina каде што е прикажан 1199 Panigale S. Икона на италијанскиот стил, авангардна технологија, иновативен дизајн, 1199 Panigale S беше првиот мотоцикл кој во 2014 година доби награда за дизајн.   

Настанот е организиран од страна на Министерството за надворешни работи и соработка, Министерството за културно наследство и туризам, а во соработка со Асоцијацијата за индустриски дизајн. Исто така се вклучени и голем број на јавни лица кои го претставуваат Италијанскиот дизајн.

Би можело да ве интересира

N60-5 е нова кацига на Nolan која е наследник на N64.

Откако го пропушти тестот во Сепанг, Хорхе Лоренцо ќе се најде на патеката за тестот кој овој викенд ќе се оддржи во Катар.

Кал Кратчлоу зборува за односот меѓу намалувањето на притисокот на пневматиците и оддржувањето на предноста која ја има предниот дел на мотоциклот.

Во овој текст ви ја преставуваме една од најновите кациги која се најде во нашите раце.

Потврдени промените за сезоната 2019.

Во Струмица ќе се гради мотокрос патека за одржување на натпревари од највисок ранг.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.