Денеска ви носиме нови вести околу продажбата на мотоцикли.

Денеска ви носиме нови вести околу продажбата на мотоцикли. Од MV Agusta ни пристигнуваат информации дека ги продале сите примероци од моделите од серијата Oro, Brutale 1000 и Superveloce 800.

И двата модели беа произведени во само 300 примероци, нешто што е вообичаено за Италијанската компанија кога преставува нови модели. Следната година на пазарот можеме да очекуваме да почнат да се продаваат и обичните верзии на овие два мотоцикли.

Иако 300 примероци не се премногу голема бројка, не треба да ја заборавиме цената на овие мотоцикли. MV Agusta Superveloce 800 Serie Oro се продава по цена од 28000 евра додека пак MV Agusta Brutale 1000 Serie Oro достигнува до 43000 евра.

„Пресреќни сме од успехот кој го постигнаа овие два модели“ , изјави извршниот директор на MV Agusta, Тимур Сардаров. „Тоа покажува дека сме на вистинскиот правец и ја продолжуваме традицијата на MV Agusta која е позната по иновациите, перформансите и неверојатниот дизајн.“

„600 стравствени возачи од целиот свет покажаа дека го ценат нашиот бренд и нашите уникатни мотоцикли. Ќе дадеме се од себе за да ги направиме горди што се сопственици на вакви уникатни модели.“

2019 MV Agusta Brutale 1000 Serie Oro 05 txt 19 07

Овие 600 продадени мотоцикли на компанијата и донесоа 21.3 милиони евра. Тоа воопшто не е лошо за лимитирана верзија а може да се спореди и со 55 милиони евра (2,700 примероци) кои Yamaha очекува да ги заработи со продажбата на новиот R1 во Европа.

Ова ни покажува дека и покрај тоа што пазарот со мотоцикли се шири, сепак главниот приход на компаниите доаѓа од традиционалните пазари, пред се поради новите модели кои им се достапни на богатите клиенти.

Тешко е да се направи проценка колкав е профитот на MV Agusta од серијата Oro, но можеме да претпоставиме дека цената на нормалниот модел и оној кој доаѓа од Oro серијата не се разликува премногу. Ова прави компанијата дополнително да ги зголеми своите приходи.

А што е со клиентите? И тие добиваат нешто, бидејќи овие мотоцикли се едноставно неверојатни.

Back To Top