Ако сте млад и ентузијаст за мотоцикли кој сака да почне кариера во оваа индустрија, сега е вистинското време за тоа. KISKA, дизајнерската компанија одговорна за брендовите KTM и Husqvarna бара лица за пракса во одделот за Продукт Менаџмент.

COVERRAPPEL1 1180x785

Оваа шест месечна пракса е отворена за студенти или лица кои неодамна дипломирале на насоките маркетинг или продукт менаџмент. Ќе мора да се преселите бидејќи седиштето на компанијата е во Салсбург, Австрија.

Од компанијата велат дека бараат лице кое има голема пасија за возилата на две тркала. Меѓу задачите кои ќе ги имате се менаџмент на производи, брендирање, маркетинг и развој на производи. Мора одлично да го познавате англискиот јазик, а предност ќе ви биде и доколку го познавате германскиот јазик.

Ова е навистина добра можност и ако се пронаоѓате тогаш веднаш аплицирајте на интернет страната на KISKA. И пренесете им дека ние ве препорачуваме ;)

Back To Top