Harley-Davidson покажа добри финансиски податоци за првиот квартал од годината. Продажбата на мотоцикли низ целиот свет е зголемена за девет проценти а само во Северна Америка таа се зголеми за 30 проценти.

Сепак, компанијата се соочува со нова закана која значително би можела да влијае врз продажбата во Европа, која веќе се намалува.

Европската Унија, почнувајќи од 1-ви јуни, планира да воведе царини во висина од 56 проценти на сите мотоцикли на Harley-Davidson. Ова е дел од трговскиот спор кој датира уште од 2018-та година кога администрацијата на Доналд Трамп воведе нови такси за челик и алуминиум. Европската Унија возврати со воведување на царини на одделни производи како што се бурбонот Kentucky и мотоциклите на Harley. Компанијата тогаш одлучи во Европа да ги продава машините кои се произведени надвор од САД и на тој начин продолжи да плаќа само 6 проценти царина. Но сега, ЕУ нареди да се плаќаат дополнителни 50 проценти на овие мотоцикли без разлика каде тие се произведени. Со тоа, вкупната бројка се искачи на 56 %.

Од компанијата велат дека веќе разговарале со нивните адвокати за да се спротистават на новите давачки. Но исто така, постои и шанса новата администрација на Џо Бајден да постигне договор со Европа со цел да се надмине спорот кој го наследи од претходната администрација. Но нема гаранции дали ова ќе се случи.

harley txt 22 04

„Оваа ситуација е без преседан и многу лено може да прерасне во трговска војна од двете страни на Атлантикот“, вели извршниот директор на Harley-Davidson, Џокен Зајц. Според него, новите царини се спротивни на слободната трговија и имаат големо влијание врз компанијата. Годишно, импактот би можел да биде помеѓу 200 и 250 милиони долари.

Од компнијата исто така велат и дека Европските производители кои продаваат во САД плаќаат царина од само 2.4 проценти.

Добри вести дома, лоши во странство

Севкупно гледано, првиот квартал беше позитивен за компанијата. Зголемена е продажбата но и профитот. Низ целиот свет продажбата во првиот квартал од 2021-ва е зголемен за 9 проценти во споредба со минатата година.Пред се тоа се должи на фактот дека само во САД има зголемување од 30 проценти.  Во меѓувреме, продажбата во EMEA (Европа, Блиски Исток, Африка) е намалена за 30 проценти откако компанијата ја прекина продажбата на Sportster и Street моделите во Европа.

harley txt 1 22 04

Во однос на пазарот за модели кои имаат повеќе од 600cc, има намалување од 3.9 проценти. Ако се остварат најавите за зголемување на царините, се очекува продажбата и овој сектор значително да опадне.

Harley-Davidson на крајот на годината очекува зголемување на приходите помеѓу 30 и 35 проценти. Од одлуката на ЕУ ќе зависи дали компанијата ќе има година каква што очекува или таа може на крајот да биде и уште подобра.

Back To Top