Возачите кои го сакаат моќниот звук на мотоциклите во иднина ќе мораат да внимаваат кога ќе возат низ Париз.

Француската полиција создаде нов тим чија единствена задача ќе биде да ја намали бучавата која ја прават мотоциклистите. Екипата се состои од 40 припадници на полицијата а според Француските медиуми, тие имаат поминато специјален тренинг за да можат лесно да откријат кој мотоцикл најмногу ги вознемирува жителите на Париз.  

Казните за сообраќајни прекршоци во кои се вклучени мотоциклите веќе се високи во Франција а за некои класи достигнуваат и до 90 евра. Исто така полицајците веќе разговарала со голем број на моторџии и ги предупредиле дека во иднина ќе има големи казни доколку бидат премногу гласни.

fronch police txt 05 12

Во последниот период, главниот град на Франција објави војна на прегласните превозни средства, а особено мотоциклите. Комплексната мрежа на микрофони која ја има низ целиот град има за цел да ги забележи превозните средства кои се најбучни. Во моментот кога тие ќе поминат покрај микрофонот, најблиската камера ја снима нивната регистрација.

Нешто слично има воведено и во Велика Британија но тој систем се уште се наоѓа во тест период.

Што мислите за најновата одлука на Француските власти? Дали е ова добро искористување на ресурсите или пак полицијата треба да се фокусира на други поважни работи?

Back To Top