Вести од светот

Harley-Davidson го почна натпреварот „ Battle of the Kings custom“

Harley-Davidson го почна „Battle of the Kings custom“ натпреварот, а вие имате рок до 18ти април да гласате на изборот за најдобар мотоцикл.

Следете нè на:

 

Harley-Davidson го почна „Battle of the Kings custom“ натпреварот, а вие имате рок до 18ти април да гласате на изборот за најдобар мотоцикл. Застапниците на Harley-Davidson веќе го имаат добиено 2016 Sportster 883 Iron, кој е одбран да биде како платформа на овогодинешниот натпревар.  За разлика од другите натпревари, „ Battle of the Kings“ се потпира исклучиво на делови од официјалниот каталог на Harley-Davidson.

2FC379FB

Бројот на дилери кои се вклучени во овој натпревар е огромен. Само во Италија има 40 дилери кои учествуваат во натпреварот. 

Новиот Sportster 883 Iron пристигна во Европа во декември 2015 година и е еден од најпопуларните модели на Harley, делумно поради неговиот квалитет но и поради неговиот изглед.

Тој е опремен со 883цц Evolution v-twin мотор кој има воздушно ладење. Висината на седиштето изнесува 775мм и претставува одличен избор за пониските возачи. Благодарение на неговата висина и тежина (256 килограми) Sportster 883, важи за еден од омилените мотоцикли на женските возачи.

ED8547D3

Новиот „Iron“ има темна боја. Рамката, тркалата и моторот се обоени со црна боја и ги нема деталите кои традиционално се поврзани со „MoCo“ мотоциклите.

Мотоциклите кои ќе влезат во овој натпревар мора да користат делови за кои креаторите мислат дека се соодветни. Тие мора да бидат оригинални и да бидат избрани од официјалниот каталог. Може да се избере нова боја, но не смее да има никакви подобрувања на мотоциклот.

Иако поради овие правила креативноста е лимитирана, овој натпревар е одлична можност да се види како би можел да изгледа Sportster 883 Iron, доколку се користат само делови од официјалниот каталог. Отворете ја интернет страната на Harley-Davidson за да ги видите мотоциклите.

2973664C

Би можело да ве интересира

Алекс Ринс, Јоан Мир и Силвиан Гинтоли го искористија последиот MotoGP тест за да го намалат бројот на нови елементи кои ќе бидат дел од GSX-RR со кој ќе настапуваат следната сезона.

„На Дани Педроса ќе му треба дополнителен простор за багаж на патот назад од Јапонија“

Не е необично кога одредена компанија со цел да привлече што е можно поголемо внимание, одлучува за време на некое мото шоу да претстави мотоцикл кој се базира на некој иден модел. Но R18 "Departed" кој го видовме за време на мото шоуто во Јокохама има уникатен 1800cc мотор.

„После 20 години прекинува прозиводството на големиот мотоцикл на Suzuki“

„Новиот фабрички возач на КТМ, Јохан Зарко, нема да се обиде да го копира агресивниот стил на возење на Пол Еспаргаро“

„Детали за 41-то издание на најпознатата трка на издржливост во светот“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.