Популарниот скутер Honda Forza 750 ја освои наградата за најубав дизајн.

Honda ја слави победата на традиционалните „Red Dot Design“ награди откако нивниот Forza 750 победи во категоријата за најдобар дизајн на мотоцикл.

Дел од пазарот уште од 2020-та година, Forza 750 беше претставен како ГТ туринг макси скутер кој нуди одличен комфорт но и перформанси благодарение на неговиот 745cc дво-цилиндричен мотор, модерни сопирачки и суспензија.

Forza 750 им се приклучи на два Honda автомобили како и на CBR 1000RR-R SP Fireblade во музејот на Red Dot Design наградите.

Главниот оперативен директор на Honda, Тошинобу Минами вели:

„Имавме уште една успешна година, освоивме неколку награди за најдобар дизајн на производ на престижните Red Dot Design награди. Уште откако е формирана компанијата, нашата цел е да го направиме животот на нашите клиенти поинтересен и веруваме дека оваа награда е потврда за нашата заложба и успех. Ќе продолжиме да го следиме овој принцип и ќе продолжиме да креираме производи кои ќе предизвикуваат голема возбуда во животот на нашите клиенти.“

Какви се овие награди?

RedDot awards txt 06 04

„Секоја година, Red Dot Award: Product Design се доделува на најдобриот производ, без разлика дали станува збор за изгледот, функционалноста, иновативноста. Она што е заедничко за сите оние кои ја имаат освоено наградата е нивниот неверојатен дизајн.“

„Победниците ги избира панел од 50 интернационални експерти кои го тестираат, оценуваат и детално разговараат за секој дизајн одделно. Критериумите се адаптираат секоја година со цел да ги рефлектираат најновите технички, социјални, економски и еколошки побарувања.“

Red Dot стана една од најпрестижните награди кога станува збор за дизајнот. Оваа година Forza 750 ги исполни сите барања за да ги победи останатите конкуренти во оваа категорија.

Back To Top