Honda Motor Европа објави дека ќе биде официјален спонзор и снабдувач со мотоцикли на стотото издание на Џиро ди Италија.

Трката која е е една од најважните спортски настани во светот и која ја следат милиони луѓе секоја година, заедно со спонзорството на Honda ќе биде поддржана и од страна на голем број медиуми.

honda supplies escort motorcycles for giro ditalia 3

Honda ќе обезбеди 30 мотоцикли кои ќе бидат поддршка на најдобрите светски велосипедисти. Од компанијата велат дека мотоциклите ќе бидат дел од „Crossover“ линијата.

Меѓу нив ќе биде и CRF1000L Africa Twin, „ maxi-endurance “ легендата која има двоен цилиндричен мотор, а кој има 94 коњски сили и 98 Nm број на вртежи. Друга врвна машина која ќе биде присутна е и Honda X-ADV, првиот „crossover“ макси скутер. Моделот кој беше претставен неодамна е сосема различен од другите модели кои се присутни на пазарот, импресионирајќи пред се со својот изглед, моќен мотор, висока суспензија како и со останатите карактеристики. И да не заборавиме, моделот е достапен и со DCT, кое обезбедува лесна промена на брзината на секаков терен. Ова решение е уникатно и го има само кај мотоциклите на Honda.

honda supplies escort motorcycles for giro ditalia 7

Покрај со мотоцикли, на трката Honda ќе претстави и нови модели на автомобили. Civic, Civic Tourer, HR-V и CR-V ќе ги придружуваат велосипедистите во текот на рутата долга 3,615 километри.

Ако се прашувате колку е само голем овој настан, тогаш навистина ќе се изненадите од бројките. Повеќе од 350 часови телевизиска програма, 190 часови директен пренос во живо и дневна публика од најмалку 4 милини луѓе која на моменти се искачува и до 10 милиони.

Back To Top