Хонда активно продолува со пред промоција на новите модели кои со нетрпение ги очекуваме на мото саемот во Милано на кој ќе присуствуваме.

Останува уште помалку од еден месец од мото шоуто во Милано каде што ќе бидат прикажани поголемиот дел од моделите за сезоната 2018. Како и обично, во овој период компаниите ни прикажуваат голем број на видеа, а последната од нив која го направи тоа е Honda. Од таму објавија едно кратко видео за проектот N.S.C, односно, Neo Sports Cafe.

honda neo sports cafe teaser 827x510 81507702458

Видеото не ни открива премногу работи и можеме да видиме само неколку дизајнерски скици. Но, барем звукот е идентичен, а исто така можеме да видиме и многу мал дел од моторот, доволно за да заклучиме дека станува збор за мотор со водено ладење. Значи, нема никаква поврзаност со CB1100.

Фактот дека е наречен Neo Sports Cafe ни сугерира дека неговиот изглед не е ретро. Дали би можел да биде новиот CB1000R? Од последниот дел можеме да видиме дека мотоциклот има LED светла. За среќа нема да чекаме уште долго за да ја видиме целосната верзија бидејќи мотоциклот ќе биде претставен на 6-ти ноември. 

Back To Top