Honda, во соработка со Toyota и Nissan, работи на „Fuel Cell“ технологија за автомобили и мотоцикли. Партнерите заедно со неколку инвестициски фирми и енергетски компании ја усвоија Јапонската стратегија за развој на хидрогенски и бензиски келии.

Според Германскиот магазин „Motorrad“, планот беше создаден од страна на тело кое е дел од Јапонското министерство за економија, трговија и  индустрија. Јапонската влада се надева дека до 2020 година, на улиците ќе се најдат 40 000 вакви возила, а бројот на станици каде што тие ќе можат да се наполнат ќе се искачи на 160. Новата органзација, која е основана од страна на Honda но која се уште нема официјално име, ќе биде одговорна за создавање на 80 станици за полнење во следните четири години.

HonFC 770x440

Од компанијата се уште го немаат покажано првиот ваков мотоцикл, но сликата на патентот го покажува правецот по кој се движат. На неа може да се види стандарден спортски мотоцикли кој има телескопска вилушка, а хидрогенската бензиска келија се наоѓа веднаш под седиштето. Системот за пренос на гориво ги комбинира кислородот и водородот за да создаде електрична енергија за моторот. Единствениот нуспроизвод е водата.

Honda веќе десетина години работи на ваква технологија за автомобили, а во 2008 година се појави и првото вакво возило, Clarity FCX. Но поради недостатокот на пумпи каде би можел да се полни, автомобилот беше отстранет од производство во 2014 година. Но оваа година беше најавена втора генерација на Clarity.

Една од предностите на овој систем е дека се полнат многу побрзо од обичните батерии. Еден од недостатоците, покрај инфраструктура, се безбедносните прашања при  транспортот и чувањето на водородот како и трошоците за производство. Но се чини дека компаниите сериозно работат на решавање на овој проблем.

Извор: Honda

Back To Top