Стартот на оваа година веќе ни навестува дека таа ќе биде многу интересна и возбудлива, особено за Motul. 

Стартот на оваа година веќе ни навестува дека таа ќе биде многу интересна и возбудлива, особено за Motul.  Како основа за ваквото тврдење ја земаме информацијата дека компанијата склучи договор за соработка со BMW M Motorsport. Според договорот, Motul ќе стане официјален партнер на BMW M Motorsport,  ќе обезбедува технички совети, експертиза и поддршка на успешната тркачка програма која BMW M Motorsport ја има во Северна Америка.

Договорот беше објавен за време на Rolex 24 - Дејтона, првата трка од IMSA WeatherTech SportsCar шампионатот.  BMW победи тука минатата година а секако дека и на Motul не му се непознати најдобрите Американски трки со спортски автомобили. Motul е официјален партнер на IMSA и главен спонзор на престижниот Motul Petit Le Mans.  

Motul BMW txt 22 01

Motul заедно со BMW M Motorsport во главното седиште на компанијата во Минхен ќе се обиде да создаде масло исклучиво наменето за да одговара на потребите на BMW M8 GTE. Тимот BMW Team RLL кој е со седиште во Охајо, САД,  и кој беше креиран во 2009 година од страна на тркачката легенда Боби Рахал, оваа сезона ќе биде дел од IMSA WeatherTech натпреварувањето. Тимот ќе настапи со две машини кои ќе бидат познати како Motul BMW M8 GTE.

Гуилауме Паилерет, претседател на Motul Америка: „Понекогаш се случуваат одредени настани кои силно влијаат врз ДНК-та на еден бренд. Ова партнерство е еден таков настан. Ова е договор за соработка помеѓу два бренда на кои им е јасно дека мобилноста постојано се менува и дека иновацијата е клучот за успехот. Со овој договор сигурно ќе бида задоволни и нашите фанови во САД. Сакам да им се заблагодарам на BMW M Motorsport  за довербата која ја имаат во производите и технологиите на Motul.“

Back To Top