Масури Абе го урна рекордот откако помина 500 километри или речиси 13 часа возејќи на едно тркало. И тоа го направи на 125cc скутер.

Ако мислевте дека рекордот што го постигна Даги Лампкин минатата година беше тежок, тогаш возачот кој го направи ова сигурно има надприродна моќ.

Минатата година Даги стана првиот човек кој ја помина целата патека на Isle of Man TT возејќи на едно тркало. Тоа го направи со Vertigo Ice Hell 300 кој беше само малку променет.

japanese rider smashes 500 km wheelie world record 117493 1

Сепак, на патеката Кавагучи во Јапонија, Масури Абе го урна рекордот откако помина 500 километри или речиси 13 часа возејќи на едно тркало. И тоа го направи на 125cc скутер.

Иако патеката имаше овален облик, Абе возеше со брзина од 40 километри на час. Тој помина точно 39.2 километри во првиот час од возењето. После два часа возење Абе почна да чувствува болки во грбот и мораше да земе апчиња за да ја намали болката. Сето тоа го направи додека возеше.

После 8 часа и 18 минути, тој успеа да го урне претходниот рекорд кој изнесуваше 331 километар и кој беше поставен од страна на Јасујуки Кудо. Во знак на победа тој ја крена левата рака што предизвика силни овации кај публиката.

Но после 12 часа возење тој почна да се жали на неподносливи болки и сакаше да запре со возење. Болката постепено се зголемуваше и после еден час Абе го спушти предното тркало. Поминатите 500.5332 километри беа сосема доволни да го добие прекарот „Крал на возењето на едно тркало“.

„Ако не возев подолго од она што мислев дека ми е лимит, тогаш некој друг ќе го направеше тоа,“ изјави Абе. „Мислев дека ако се обидувам да го урнам рекордот ќе морам да го направам тоа на начин на кој сите ќе останат без зборови. Болката која ја почувствував беше неверојатна. Досега немав искусено нешто слично. И двете раце ми беа укочени од болка и воопшто не ги чувствував. Почна да ми се мати и видот. Бев само делумно свесен и комплетно дехидриран.“

Неговата првична цел беше да помине 600 километри но сепак и овој негов рекорд сигурно ќе се задржи со години.

Back To Top