Вести од светот

Како да купите Panigale V4 тркачки мотоцикл од WDW2018

Изминатиов викенд се оддржа Светската недела на Ducati.

Следете нè на:

 

На манифестацијата која се оддржа на патеката во Мизано, присуствуваа повеќе од 90 илјади луѓе. Иако имаше многу работи кои можеа да се видат, сепак круна на настанот беше „Трката на шампионите“ во која неколку возачи се натпреваруваа со Ducati Panigale V4 супербајк мотоцикли.

Ducati Panigale V4 S WDW2018 livery Bayliss

Ако трките на кои се натпреваруваат Андреа Довициозо и Марко Меландри не ви се доволно, овој настан мораме да признаеме дека беше навистина возбудлив. А од компанијата одлучија овие 12 машини да се најдат на аукција на eBay која ќе трае се до сабота до 6 часот попладне.

Во моментов аукцијата се одвива навистина добро и воопшто не не изненадува фактот дека највисока цена од 120.000 евра има мотоциклот на Трој Бејлис. За оние кои сакаат малку попристапна цена, мотоциклот на Карел Абрахам во моментов има цена од 30.000 евра, што е само за 1600 евра повеќе отколку што во Италија се продава Panigale V4 S.

Цената на мотоциклот на победникот на трката, Микеле Пиро, во моментов изнесува 41.000 евра. Исто така вреди да се напомене дека мотоциклот на Андреа Довициозо, кој има цена од  45.000 евра е поскап во споредба со мотоциклот на Хорхе Лоренцо, чија што цена изнесува 41.500 евра.

Подолу можете да ја погледнете „Трката на шампиони“ доколу ја пропуштивте. Мораме да напоменеме дека организаторите заборавија дека ова претставува глобален настан и коментарот е само на Италијански јазик.

Трката не беше премногу спектакуларна но мораме да му одадеме признание на Тито Рабат кој се чини дека не знаеше дека целиот настан има забавен карактер.

Ducati Panigale V4 S WDW2018 livery DoviziosoАндреа Довициозо

Ducati Panigale V4 S WDW2018 livery DaviesЧаз Дејвис

Ducati Panigale V4 S WDW2018 livery RinaldiМикаел Риналди

Ducati Panigale V4 S WDW2018 livery RabatТито Рабат

Ducati Panigale V4 S WDW2018 livery PirroМикеле Пиро

Ducati Panigale V4 S WDW2018 livery PetrucciДанило Петручи

Ducati Panigale V4 S WDW2018 livery Miller

Ducati Panigale V4 S WDW2018 livery MelandriМарко Меландри

 Ducati Panigale V4 S WDW2018 livery ForesЏави ФоресDucati Panigale V4 S WDW2018 livery LorenzoХорхе Лоренцо

 

 

 Ducati Panigale V4 S WDW2018 livery AbrahamКарел Абрахам

Би можело да ве интересира

Новиот возач на Repsol Honda ќе го пропушти првиот тест од сезоната 2019 поради операција на раката

Имавме разговори со Педроса. Бевме многу блиску до договор - Разлан Разали, извршен директор на Sepang

Пол Еспаргаро има само една цел во текот на зимската пауза: Да оздрави.

На два дена пред официјалното претставување на MotoGP тимот на Honda, Хорхе Лоренцо ќе мора да оди на операција

За Аргентинецот, Николас Кавиглиасо, релито Дакар 2019 беше само второ учество на овој настан. Но и покрај тоа, тој доминираше на поголем дел од трката и со неговата Yamaha YFZ-400 успеа да стигне до првата позиција.

МотоГП тимот на Дукати денеска официјално го претстави Desmosedici GP19.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.