Вести од светот

Kawasaki ќе го претстави „Rideology“ концептот

„Ќе добие награда секој оној кој ќе открие што е тоа“

Следете нè на:

 

Веќе добро е познато дека производителите на мотоцикли испраќаат големи соопштенија до медиумите, но всушност, во нив кажуваат многу малку. Нешто слично како и соопштението кое стигна до нашата канцеларија. Kawasaki ќе го претстави „Rideology“ концептот за време на трката од WSB шампионатот во Асен.

Kawasaki Rideology by Motorbike Magazine 01 1200x800

Но што всушност претставува концептот „Rideology“ ?  Да видиме дали вие можете да откриете, бидејќи ние не успеавме.

Еве еден извадок од соопштението.

„Моќта и изгледот се првото нешто од принципите на Rideology. Импресивните машини кои ги имаат двете работи, како што се моделот од 1969, H1 500, Z1 900 од почетокот на седумдесетите години и GPz900R од 1984 година. Во модерната ера, фамилијата ZZR е позната по моќта и изгледот, а Ninja ZX-10RR доминира на патеките ширум светот. “

„Вториот принцип е дека секој модел на Kawasaki треба да биде забавен за возење. Тоа во комбинација со моќта и изгледот нуди уникатно искуство. На овие две принципи се додава и третиот принцип кој претставува одлучувачки аспект и кој дава поддршка за целосниот потенцијал на KHI групата.“

Џонатан Реа: „Rideology е збор кој за мотоциклистот значи многу различни аспекти од целокупното искуство – моќта, забавата при возењето, задоволството. За мене најважно е задоволството но постојат многу други карактеристики кај Rideology. Можам да го искористам овој збор за да го опишам искуството кое го имам кога го возам ZX-10RR. Ова е одличен збор за да се опише чувството кога возите на вашиот мотоцикл.“

Том Сајкс зборувајќи за својот Ninja H2R изјави: „За мене Rideology, со оглед на тоа дека настапувам за Kawasaki веќе неколку години, е збор кој сумира три различни значења. Сум возел многу мотоцикли на Kawasaki; вклучувајќи го неверојатниот Ninja H2R. Секако дека станав многу приврзан до сите машини. Kawasaki отсекогаш бил познат по производство на брзи мотоцикли и навистина моќни машини. Rideology ја опишува комбинацијата на брзина и моќност заедно со лесниот начин на возење. Оваа комбинација досега ни донесе неколку титули и тоа ми претставува големо задоволство.“

Би можело да ве интересира

Неделата воопшто не изгледаше како ден на кој ќе се постави нов рекорд во Мото3 класата. Дождот предупредуваше да не се преземаат ризици и да се биде внимателен. Но Чан Онку се погрижи да се случи токму спротивното.

Последната трка од шампионатот ја одбележаа многуте падови, победата на Довициозо и подиумот на Алекс Ринс, а она што беше нај впечатливо беше успехот на Пол Еспергаро кој го донесе КТМ на третата позиција.

GRT Yamaha официјално потврди дека ќе му се приклучи на FIM Светскиот Супербајк шампионат во 2019 година, а Марко Меландри и Сандро Кортезе ќе бидат возачи на екипата.

Џонатан Реа уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите возачи откако постигна најбрзо време на првиот зимски тест кој се оддржа на патеката во Арагон. Пробувајќи го за прв пат  ZX-10RR опремен со новите спецификации, Реа беше за 1.5 секунди побрз од останатите возачи.

Три кратниот светскиот шампион беше именуван за член на MotoGP™ Legend а Шпанецот исто така за време на последната трка од сезоната која се вози во Валенсија ќе биде вклучен и во куќата на славните. Педроса, во 2003 година ја освои титулата во категоријата од 125cc а во 2004 и 2005 година титулата во 250cc. Тој е еден од најуспешните возачи во премиерната класа.

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.