Вести од светот

KTM сака да го купи Ducati

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Следете нè на:

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Последниот обид на првите луѓе на Германската компанија беше неуспешен но сега се појавија гласини дека првиот човек на КТМ, Стефан Пиерер е заинтересиран за Ducati. Во интервју за „Speedweek “, Пиерер изрази интерес да го додаде Ducati во својата колекција на мотоцикли и откри некои идеи како тие би се вклопиле во целокупната стратегија на КТМ.

Неговите размислувања, мораме да признаеме се интересни.

Ваквата идеја доаѓа од желбата на Пиерер до крајот на 2020 година да го направи КТМ трет најголем мото бренд во светот, веднаш зад Honda и Yamaha.

Со повеќе од 265 илјади продадени мотоцикли секоја година, КТМ е една од само неколкуте компании кои имаат пораст. На пазарот во САД, КТМ е само дел од компании кои забележале раст на приходите.

Овој раст не го вклучува успехот кој компанијата го постигна со брендот Husqvarna кој пак се препороди под менаџмент на Пиерер и КТМ. Но што значи ова за Ducati?

Пред се тоа ќе биде компанија која се разбира во бизнисот со мотоцикли и нема да мисли само на профитот. Но, во интервјуто за Speedweek, Пиерер даде некои интересни коментари.

„Ми стана јасно дека автомобилската индустрија многу често има пионерска улога во однос на индустријата за мотоцикли. Кога групацијата Volkswagen,  со сите свои брендови, ја разви стратегијата, ова го видов како еден вид на модел по кој треба да се движиме. “  

ducati ktm 3

„Денеска, моторите и шасиите се креираат речиси идетично за двата бренда(КТМ и Husqvarna), но ние не работиме еден против друг. Сега можеме да понудиме два модели изработени под еден покрив а со тоа ќе го зголемиме и бројот на потрошувачи.“

Тешко е да се оспори дека оваа стратегија не функционира за двата бренда, но дали тоа значи дека во оваа комбинација ќе биде додаден и Ducati? Дали моторот на Ducati ќе се најде на КТМ и обратно? Тешко е да се види како KTM , Husqvarna и Ducati би делеле иста платформа без да ги загубат своите препознатливи карактеристики.

„Ducati е Ferrari во светот на мотоциклите,“ продолжи Пиерер. „Секако, таков бренд да биде дел од нашата групација би било навистина интересно. Не се работи за цената туку за поентата: кога сите ќе ја разберат ситуацијата во која се наоѓаат.“

Ситуацијата на која мисли Пиерер е промената на глобалната клима како и се поголемите предизвици со кои се соочуваат компаниите да бидат во согласност со строгите правила за емисија на штетни гасови.

Тој исто така мисли и на новата светска мапа која повеќе не ги фаворизира земјите од Западна Европа и наместо тоа сега е ориентирана кон Индија, Кина и Југо-Источна Азија.

Прашањето кое сега се поставува е како бренд каков што е Ducati се соочува со оваа нова реалност. Како Пиерер планира да ги внесе КТМ и Husqvarna во овој нов свет за мотоциклите.

Дали одговорот е еден голем конгломерат? Само времето ќе покаже.  Се до тогаш, сигурни сме дека ќе има навистина интересни разговори во канцелариите на Volkswagen.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Уште една трка помалку во календарот за 2020, со денешната одлука на Дорна, и трката во Јапонија се откажува во целост.

Со денешната одлука на Дорна откажани се трките во Британија (Силверстоун) и Австралија (Филип Ајленд).

Официјално денеска беше ставен потпис на договор со кој Џек Милер ќе биде еден од возачите за фабричкиот тим на Дукати во 2021 со можност договорот да се продолжи на уште една година.

Според зборовите на неговиот менаџер, легендариот Кенан Софуоглу, за Топрак веќе постои интерес од МотоГП тимовите.

По изјавата на шефот на Петронас тимот, дека Роси е жива легенда но тој не би сакал да дојде во тимот само за да се збогува со МотоГП, „Докторот“ денеска даде свое видување на ситуацијата.

На 7-ми јуни на патеката Орман крај Скопје ќе се одржи првата трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Реклами

Листа на мото настани

  • 12 Јуни 2020 - 14 Јуни 2020
  • 12 Другари
  • Ваташа, Кавадарци

  • 19 Јуни 2020 - 21 Јуни 2020
  • Club house
  • Скопје, Водно

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.