Специјалните антитерористички полициски единици ќе користат BMW F800GS за да можат веднаш да реагираат доколку се случи некаков напад.

Со оглед на тоа дека на територијата на Европа во изминатиов период се случија голем број на терористички напади, неколку главни градови одлучија да го зголемат присуството на полицијата на улиците. Лондон пронајде одличен начин за да го скрати времето потребно за реакција на полициските сили со тоа што отсега специјалните единици на полицијата ќе бидат опремени со одлични авантуристички мотоцикли.

bmwf800gs

Специјалните антитерористички полициски единици ќе користат BMW F800GS за да можат веднаш да реагираат доколку се случи некаков напад. Полицајците нема да имаат потреба од никакви посебни вештини бидејќи нивни колеги од моторизираната дивизијата ќе управуваат со мотоциклите.

„Сообраќајот многу често знае да се закочи, а тоа сигурно ќе се случи доколку има некаков терористички напад. Ако погледнете во Европа, Париз или во Белгија, сообраќајот е особено важен за соодветна реакција. Мотоциклите ќе ни овозможат многу брз и ефективен одговор. Момците вежбаат оф роуд возење за да можат многу полесно да стигнат од една до друга точка на градот.“ изјави еден полицаец за Sky News.

Со оглед на тоа дека бројот на напади во Европа значително е зголемен, од Британската полиција сметаат дека само прашање на време е кога тоа ќе се случи и во Лондон. Веќе се подготвени 600 полицајци кои ќе ги надгледуваат улиците а дополнителни 1500 ќе им се приклучат во следните две години, откако ќе добијат соодветен тренинг.

Иако тие изгледаат помалку страшно, на полицајците им е сугерирано да бидат пријателски расположени и да бидат лесно достапни за јавноста. Затоа, немојте да се срамите да ги прашате нешто за нивните нови мотоцикли.

Кога зборуваме за мотоциклите, BMW F800GS има by 798cc, 4 тактен и дво цилиндричен мотор кој има 85 коњски сили и 83 Nm број на вртежи. Движењето низ градот нема да биде никаков проблем и покрај тоа што полицајците ќе носат комплетна опрема на нив.  

Back To Top