Формула 1 возачот Луис Хамилтон е подготвен да го замени местото со Валентино Роси.

Луис Хамилтон вели дека е навистина возбуден од можноста да настапи со MotoGP мотоцикл. Во декември, тој ќе го замени месото со Валентино Роси. Италијанецот ќе настапи со две години стариот болид на Мерцедес додека пак Хамилтон ќе ја испроба MotoGP машината на Yamaha.

Веќе подолг период се зборува дека двајцата шампиони ќе ги заменат своите места. Во ова секако дека помага и главниот спонзор, Monster Energy. Настапот ќе се оддржи на 9-ти декември на патеката во Валенсија.

Hamilton Rosi main 26 11

Британецот за Crash.net изјави: „Навистина сум возбуден поради оваа можност. Неверојатно е да се најдам на иста патека со возач каков што е Валентино. Тоа воедно е и голема чест бидејќи тој е еден од најдобрите возачи во историјата на овој спорт. Но ќе биде интересно и да се види како ќе му оди со мојот болид.“

„Во последните две години редовно возам мотоцикл. Немам поминато многу време на патеката но тие денови кога возев, нема никогаш да ги заборавам.“

Ова не е прв пат како Хамилтон настапува на мото патека. На патеката во Херез заедно со Мајкл ван дер Марк и Алекс Ловс го испроба GYTR R1M. Според Crash.net, во следните неколку дена Британецот ќе има уште неколку настапи на патеката во Херез.

Back To Top