Вести од светот

Масовно повлекување на BMW R 1200 GS поради лоша вилушка

Помина долго време откако BMW направило нешто погрешно, но се чини дека нивниот најуспешен мотоцикл има навистина сериозни проблеми.  Во моментов се одвива голема кампања поради неисправност на вилушката.

Следете нè на:

 

Помина долго време откако BMW направило нешто погрешно, но се чини дека нивниот најуспешен мотоцикл има навистина сериозни проблеми.  Во моментов се одвива голема кампања поради неисправност на вилушката.

massive bmw r 1200 gs recall over bad forks 119054 1

Кампањата се однесува на сите BMW R 1200 GS и R 1200 GS Adventure модели направени во периодот помеѓу ноември 2013 и јуни 2017 година што пак во превод би значело околу 150 000 мтоцикли.

За време на теренските истражувања, било забележано дека фиксната цевка би можела да претрпи сериозни оштетувања при посилен напор, а возачите тоа не би го забележале. Такво нешто би можело да се случи кога возачот преминува преку некоја пречка, ако падне или ако поминува низ големи дупки, а притоа вози со различна брзина. Оштетувањата на фиксната цевка се манифестираат преку создавање на отвор меѓу цевката и приклучоците за затворање.

massive bmw r 1200 gs recall over bad forks 2

Сите сопственици на овие модели ќе бидат информирани за проблемите, а самите продавачи на BMW мотоцикли се опремени да извршат проверка и да ги поправат недостатоците. Проверката ќе биде бесплатна за сите корисници, а во меѓувреме возачите треба избегнуваат возење по нерамни патишта со цел да не се оштети вилушката.

massive bmw r 1200 gs recall over bad forks 1

Се уште мислите дека ова не е сериозно?  Неколку сопственици на вакви мотоцикли веќе направија интернет страна на која го споделуваат своето искуство. Некои од нив се здобиле и со сериозни повреди па затоа би ви препорачал веднаш да се јавите во најблиската продавница на BMW.

Би можело да ве интересира

„Ќе биде подобро за сите, секако тука е и Moto2 серијата, доколку го имаат овој нов стил на возење - Moto2 се доближи еден чекор поблиску до MotoGP  со новиот 765cc Triumph мотор“

„Коментарот кој го даде Алберто Пуиг предизвика реакција кај неговиот поранешен MotoGP возач Дани Педроса“

„Сега откако си замина најлесниот возач во серијата, првиот човек на Ducati Џиџи Дал’Игна смета дека би било фер за сите доколку има минимална тежина“

„Дали возиме или одиме во вселената?“

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.