motori dimitri-salovicИзвесен Димитри Саловиќ се обидел да си поигра со германската полиција намерно пречекорувајќи ја дозволената брзина за да ги активира безбедносните камери и да им покаже среден прст.

dimitri-salovic

Извесен Димитри Саловиќ се обидел да си поигра со германската полиција намерно пречекорувајќи ја дозволената брзина за да ги активира безбедносните камери и да им покаже среден прст. 

17 годишникот носел темна јакна и црна кацига и ја сокрил регистрацијата со надеж дека полицијата нема да може да му влезе во трага но набрзо бил уапсен од полицајци во цивилна облека. Тие ја следеле рутата на која претходно се движел и точно предвиделе каде ќе оди следно, па така момчето кое низ Минхен возело со брзина поголема од 120км/ч и притоа 26 пати ја пречекорило брзината било уапсено.

Сега тој се соочува со повеќе казни, возел без соодветна возачка дозвола за мотоцикл и 26 пати ја пречекорил дозволената брзина, па освен тоа што ќе остане без дозволата која ја има и ќе добие 78 казнени поени, тој ќе треба да плати и казна од 5000 евра.

Back To Top