Наскоро ќе почне Дакар 2020 а Motul повторно ќе биде во центарот на најинтересната рели трка во светот.

Наскоро ќе почне Дакар 2020 а Motul повторно ќе биде во центарот на најинтересната рели трка во светот. Како главен партнер на релито, Motul ќе биде дел од многу настани но соработката со фабричките тимови и натпреварувачите е главниот дел.

Денеска беше објавено дека е склучена нова, интересна, соработка со Monster Energy Can-Am и South Racing. Германската екипа во SSV категоријата ќе настапи со три, 900cc, turbo-charged Monster Energy Can-Am Maverick X3. Откако минатата година завршија на второто, третото и четвртото место, Monster Energy Can-Am за оваа година има само една цел, првата позиција.

Стартувајќи на 5-ти јануари во Саудиска Арабија, Monster Energy Can-Am Maverick ќе се соочи со патека долга 7500 километри од кои 75% ќе бидат низ песок. Перформансите, менаџментот, вештините но и навигацијата се клучот за успех на оваа трка. Како и секогаш, маслата на Motul имаат важна улога на оваа трка. За издржливост и перформанси тука се Motul Gear Competition 75W140 и 300V² Factory Line 10W50, двата лубриканти кои ги користат сите шампиони. Во денешната еко свесна заедница, не треба да заборавиме дека маслото има органска основа и ја намалува употребата на фисолни материјали.

Возачите на Monster Energy Can-Am доаѓаат од неколку места на планетата. Кејси Кури е од САД, Жерар Фарес од Шпанија а тука е и шампионот од 2019 FIA Светскиот Куп, Бразилецот Реиналдо Варела.

Популарниот Американец уште од крајот на минатогодишното рели почна да се подготвува за 2020-та година. Тој и неговиот нов совозач, Шон Бариман, се одлучни да победат на Дакар. Но, ќе имаат сериозна конкуренција.

После 11 трки со мотоцикл и второто место минатата година, Жерар Фарес исто така се надева на победа. Но непознатиот терен во Саудиска Арабија ќе биде сериозна препрека за сите натпреварувачи. А со оглед на тоа дека веќе има искуство во SSV категоријата но и победа во 2018 година, Реиналдо Варела, барем на хартија, е фаворит за победа.

South Racing исто така ќе поднесат пријава за настап на шампионите од Baja 1000 TT Spec, Остин Џонс и Келон Валш. Тие ќе настапат за South Racing Can-Am Maverick X, за кого ова ќе биде премиерен настап на Дакар. Претходно, на релито Silkway и во Мароко тие докажаа дека се квалитетни и сигурно ќе бидат дел од борбата за победа во SXS категоријата.

Dakar 2020 txt 23 12

Скот Абрахам, директор на South Managing: „Навистина сме возбудени што станавме дел од фамилијата на Motul. Monster Energy Can-Am очекува добар настап на Дакар откако претходно победивме на FIA светскиот куп во 2019 година. Неколку години разговараме за ова партнерство а оваа година работите се поклопија. И двете компании брзо се развиваат и во следните години ќе има многу забавни настани на кои заедно ќе учествуваме.“

Ромаин Грабовски, Motul: „Големо задоволство ми преставува тоа што можам да објавам дека потпишавме договор за соработка со Monster Energy Can-Am и South Racing. Тимот ќе има голема корист од производите на Motul кои веќе се докажани на вакви настапи. Тука ќе биде и Motul Racing лабораторијата која редовно ќе ги анализира лубрикантите.“

За Мотул

Motul е светски позната Француска компанија која се занимава со изработка и дистрибуција на високо квалитетен лубрикант за мотори (мотоцикли, автомобили и други превозни средства). Преку MotulTech тие произведуваат и лубриканти за индустриските машини.

Повеќе од 165 години тие се познати по квалитетот и иновативноста на своите производи. Motul е исто така познат и како специјалист за синтетичките лубриканти.  Тие беа првата компанија која произведе 100 проценти синтетички лубрикант, 300V.

Во текот на годините, тие станаа официјален снабдувач со лубриканти на голем број на тимови и помагаат во понатамошниот развој на сите сегменти од мотоспортот.

Motul директно ги поддржува: 24 Hours of Le Mans (автомобили и мотоцикли), FIA World Endurance Championship, Super GT, IRC, Drift, Pikes Peak, Japanese championship Super Formula, Blancpain Endurance Series, MotoGP, World Superbike, World MX, Endurance World Championship, Dakar Rally, Supercross, IOM TT, Motul FIM Ice Speedway Gladiators World Championship, Rallycross, Motul Roof of Africa, F1 Boat.

Back To Top